Кои бои најдобро Ви одговараат

од  |  0 коментари

Дали знаевте дека погрешниот избор на бои на гардеробата може многу да влијае на Вашиот изглед? Кога купувате нова гардероба морате да знаете која боја најдобро Ви одговара за да изгледате убаво и за да бидете задоволни со Вашиот изглед.

Гардеробата во плакарот

Како да постигнете најдобар можен изглед? Така што ќе ја погодите нијансата која совршено ќе Ви одговара со Вашата боја на кожа. Доколку ја погодивте вистинската боја на Вашата кожа ќе го добиете посакуваниот сјај, а ќе успеете на природен начин да ја истакнете Вашата убавина. Не е доволно само да се нашминкате, важно е и да ги вклопите и сите други фактори за да изгледате совршено.

Доколку одберете погрешна боја на гардеробата може да се случи да не се чувствувате добро во она што го имате облечено. Погрешна боја може да Ви ги истакни подочњаците а забите да Ви изгледаат дека се жолти. Со вистински избор на боите Вашата кожа и коса ќе блескаат, а очите ќе Ви бидат убаво истакнати.

За да знаете кои бои најдобро ќе Ви одговараат, би било добро кога прво би ги поделиле на топли и ладни тонови и така да направете селекција. Еден од начините кои можат да Ви помогнат е да одредите која боја најдобро Ви одговара е тест со хартија.

Се работи за интересен експеримент кои ќе го направите така што при дневната светлина ќе ја ставите рака над хартија. Раката треба да ја свртите така за да ја видите внатрешната страна на дланката. Вака можете да забележите дали Вашата кожа влечи кон жолтеникави или кон топли тонови или студени и розови тонови.