Радиофреквентен лифтинг – Метод за подмладување и затегнување на кожата

од  |  0 коментари

Метод за подмладување и затегнување на кожата, како и терапија за болка. 
Мрежните влакненца на колагенот и еластинот го обезбедуваат составот на кожата, го одредуваат степенот на цврстина и еластичност.

106164637_scaled_787x290

Со годините, мрежните влакненца се менуваат и оштетуваат, пропорционално. Како изгледот така и еластичноста на кожата. Познато е дека постарата кожа годишно губи 1% колаген, со оглед на процесот на дегенерација и намалената синтеза на колаген, кои се главни причини за настанување на брчки и отпуштена кожа.

Нашите апарати за изведување на овие третмани претставуваат неинвазивна, безболна, сигурна и многу ефективна ласерска алтернатива за разлика од агресивните хируршки зафати.

Радиофреквентната метода работи на принцип на контролирање на акумулацијата на топлината длабоко во дермисот, со што се поттикнува локално поголема циркулација и стимулира настанување на нов колаген во ткивото.

Апаратот нуди иновативна, радиофреквентна, тераписка метода, заснована на единствена капацитативна технологија. Терапијата нуди широк спектар на апликации, засновани на принципот селективна  електро-термолиза.

Резултатот е видливо подобрена текстура и тонус на кожата. Кожата е затегната, мека, доаѓа до губење на ситните брчки на лицето, редуцирање на длабоките брчки, затегнување и подмладување на кожата како на лицето, така и на телото. Дејството е повеќекратно.

РЕЗУЛТАТ

Подмладена кожа на лицето и деколтето, затегната кожа, подигнување на тонусот на мускулите во пределот на нозете, стомакот, рацете, третирање на целулит. Утврдена е исто и примена во физикалната медицина. Реултатите се видливи, уште после првиот третман. Многу успешно се користи и за терапии при болка.

8214722_orig