Ракописот од Акра Пауло Коелјо

од  |  0 коментари

Денот е 14.јули. 1099. Година. Ерусалим очекува инвазија од крсташите кои ја имаат опколено градската порта. Внатре во ѕидините, мажите и жените од различна старост и различна вероисповед се собрале како би ги слушнале мудрите зборови од таинствениот човек познат по име Копт.

῎Пред многу векови, на еден човек му било судено и бил осуден на овој плоштад῎започнал Копт. ῎Додека одеше кон неговата смрт, поминал поред собраните жени. Кога видел дека тие плачат, рекол: ῎Не плачете по мене, плачете по Ерусалим῎. Прорекол она што се случува денес. Од утре, се што беше складно, ќе се претвори во кавга, војна која ќе се продолжи и во иднината толку далеку да не можеме ниту да сонуваме за неговиот крај.

Никој не знае што ни носи утрешниот ден, затоа што секој ден носи со себе добри и лоши моменти. Нашето послание не е да на оние кои ќе ја наследат земјата да им раскажуваме што се случило на денешниот ден, за тоа ќе се погрижи историјата. Па затоа, разговарајте за секојдневниот живот, за тешкотиите со кои се соочуваме

Денес, многу векови покасно, зборовите на тој умен човек за храброста, поразот, љубовта, губењето, сочувани се како записи кои не подучуваат за човечките вредности кои не се менуваат со текот на времето. Ракописот од Акра е текст кои ни открива дека она што сме, од што се плашиме и за што се надеваме во иднината доаѓа од знаењето и верувањето кои можеме да пронајдеме во нас самите, а не во она што не опкружува.