СПАС Исидора Бјелица

од  |  0 коментари

Брутално искрен запис од работ на смртта.

Ништо, ама баш ништо на овој свет не е случајно и се се случува со причина …

Новата книга на Исидора Бјелица е запис од душата во најтешките моменти, брутално искрен запис на чувствата и мислите на писателката од оној момент кога дознава дека боледува од неизлечива болест … Таа е и литерарен холограм  на нејзината душа и лутањето на телото со најтешката дијагноза, и потрагата за спасение ја води преку Париз, Флорида, Индија, Шри Ланка до волшебниот остров Егин, домот на Светиот Нектари, православниот светец, исцелителот на неизлечиви заболувања.

Првиот дел од книгата ја сочинуваат записите за работ на смртната опишани со искреност која остава без здив. Записите ги одликуваат заслепувачки удар на емоции но и хумор и иронија пред откритието на сопствените граници, храброст и сила …

Во другиот дел од книгата се наоѓаат совети за исхрана и алтернативните методи на лекување до кои писателката има дојдено барајќи го лекот против болеста – лек кои не е наменет само на болните туку и на оние кои не сакаат никогаш да се разболат. Исидора Бјелица го има собрано и резимирано се она што може да се најде од Истокот до Западот и се што големите мајстори на ориенталната медицина го чувале за себе. Ова е збирка на рецепти за чистење на организмот од сите отрови, но и формула за одбрана од стрес и за постигнување на хармонија во организмот.

Спас е ултимативна книга за спасение на телото и душата која не може да се споредува ни со едена друга книга по искреноста, емоција, но и по големиот број на тајни и рецепти која писателката ги открива.