Робин Шарма ῎Калуѓерот што го продаде своето ферари῎
Дали слушнавте за ова книга? Ја прочитавте? Сосема сме сигурни дека одговорот на сите Вас ќе биде да. Верувам дека ова книга го менува светот и дека е задолжителна за сите оние кои сакаат да го унапредуваат животот, остварат личен и професионален успех и како веќе и самата книга кажува: ῎Земи ја судбината во своите раце῎.
Авторот на овој светски бестселер е Робин Шарма (Robin Sarma). Го сменил животите на луѓето низ целиот свет, а книгите му се печатат во милион примероци. Шармантниот Робин како што и самото презиме кажува,го освоил срцето на читателите со едноставното изразување, невообичаените опишувања и таинствените загатки за животот кој им ги оставил на читателите да ги откријат и после првото читање на книгата, која верувајте, не е можно да ја прочитате само еднаш. Овој харизматичен писател, жител на Канада не воведува во светот на вистината. Светот во кој самите ја одредуваме вистината и во кој не постојат граници. Само оние граници, како што тој кажува: ῎Кои сам себе си ги наметнуваш῎. Тој е автор на осум книги кои се преведени на повеќе од педесет јазици, а кои не се феномени само на македонскиот, туку и на светскиот пазар.
Калуѓерот што го продаде своето ферари е приказна за врвниот адвокат Џулијан Ментл кој по блиската средба со смртта го натерала да ги остави сите материјални богатства кој ги стекнал на Хардвард. Го остава дотогашниот живот, вилата, па и – колата ферари по кој и книгата го носи насловот. Заминува да го побара внатрешниот мир меѓу мудреците од Сиван.
После некое време по престојот меѓу индиските калуѓери тој доживува трансформација и станува совршено здрав човек со румено лице кој зрачи со спокој и задоволство. Му се враќа природната љубопитност, ентузијазам и желба за живот. Патувањето во ова волшебна егзотична земја, средба со мудреците и сознанијата низ целата книга му ја опишува на својот најдобар пријател на кој му рекол дека тоа патување не било само обичен одмор како би му се релаксирал презафатениот ум. Му рекол дека времето кое го поминал во таа земја било ῎Одисеја на откривањето на самиот себеси῎.