Роза – хармоничниот центар на кралството на растенијата

од  |  0 коментари

Што не поврзува со розата? Таа е силна но и мека, отпорна и нежна, бодликава и растреперена но во исто време,  исправена. Само кралица каква што е розата може да ги комбинира сите овие различни карактеристики, без да ги измеша, носејќи ги паралелно и контролирано,   и изразувајќи ја чистата убавина и хармонија во нејзината појава. Таа е хармоничниот центар на кралството на растенијата и во истото кралица, не само на семејството на рози туку на сите растенија. Со своите  карактеристики  розата да го рефлектира човековото битие ,и   можеби затоа  розата толку не привлекува.

Употреба

Употребата на розата во народната медицина датира многу одамна.

Поради содржината на танини , латиците од рози имаат адстригетно дејство и екстрактот кој се припрема од нив се употребува за третирање на дијареа . За надворешна употреба екстрактот од латици од рози се употребува за испирање на устата и за гаргара. На исток маслото од рози и водичката од рози се употребувале кај грчеви во желудникот .

За надворешна употреба производите од рози се употребувалеза лекување на рани , изгореници, егземи, алергии  и др. бидејки етерското  масло од рози ја забрзува гранулацијата и епителизација на ткивата, а исто така влјијае бактерицидно на некои патогени микроорганизми ( антисептично дејство ).

Во аромотерапијата , розите се препорачуваат поради нивното антистресно дејство , и се препорачуваат кај депресии, несоници  како и при напетост во мускулите.

Чајот  од рози и етерското масло дале добри резултати против инфекции на  уринарните органи   особено при цистит и уретрит, како и при воспаление на  жолчката.Чајот и етерското масло се употребуваат против  заболувања на респираторните органи при : бронхит ( акутен и хроничен ),  како и при други инфламаторни заболувања на респираторните органи. При овие заболувања доаѓа до израз антимикробното, антиинфламаторното  и спазмолитичкото дејство.

Начин на приготвување на чај од рози и употреба

1 лажичка ( 5 гр.) иситнети исушени латици од рози се попаруваат со 200 мл топла вода и се остава да одстои 20 мин во покриен сад. Потоа се процедува и вака приготвениот чај се пие на два пати ( по 100 мл ).

Занимливости

Розата одсекогаш го прати човекот – зборот роза е присутен во сите светски јазици недостасува само во јазикот на Ескимите. Розата отсекогаш била симбол на љубов, убавина и отменост. Во многу култури се смета за  божји дар. Неброени се приказните за розите:Клеопатра ги натопувла едрата на своите бродови со водичка од рози,
cleo

Римјаните како никој пред нив ниту после нив  ја поставиле розата во центар на нивниот секојдневен живот- плетеле венци од свежи рози и обично ги носеле околу вратот , ги кителе креветите со рози, а на фестивалите розите биле главна декорација.

Во розите алхемичарите ја виделе душата и симболот на чиститот дух.

Зошто  Др.Хаушка кремата  од  рози  и Др.Хаушка крема од рози light се толку посебни

Dr.Hauschka козметиката воспостави блиска врска со розата и тоа од највисок квалитет. Кралицата роза е во својата најпрефинета преобразба. Тивка, но доминантна, присутна е во облик на чисто етерично масло, екстракт од латици на рози или восок од рози, а со своето присуство ги хармонизира сите состојки кои се внимателно одбрани и усогласени.
rozaaa

Моќта на розите се пренесува и на кожата. Розата јакне и хармонизира. Таа смирува и опушта. Повторно воспоставува здрава хармонија на сите состојби на кожа потикнувајќи ги нејзините природни ритмови и ја прави кожата нежна, свиленкаста со здрав тен.

Розите кои се употребуваат во Др.Хаушка козметиката,  се биодинамички и органски одгледани . За биодинамичкото и органско одгледување на роза Дамаск поседува сертификат Деметар. Околу 1072 латици од рози има во секоја турба Др.Хаушка крема од рози .Тајната на посебноста на препаратите во  кои е присутна розата е и во единтвениот начин на добивање на стабилен воден ектракт кој е патент на Др.Рудолф Хаушка од 1929 год.

Розите се берат во 4 часот наутро бидејки тогаш се најбогати со етерично масло. Латиците од рози рачно се селектираат и се иситнуваат , а потоа се мешаат со изворска вода . Вака добиената мешавина се изложува на  природните  ритмови  : Светлост и темно, Стоење/ мешање, Топло / ладно. После седум дена ектрактот се процедува ,а сувиот остаток се спалува. Мала количина од пепелта се додава на течноста .На овој начин се добива стабилен воден екстракт кој ја чува сета лековита вредност на розите.

Овој екстракт се користи во Др.Хаушка кремите од рози како и во  маслото за тело од рози, млеко за тело од рози, гел за туширање во декоративната козметика,маската од рози.Во сите споменати производи е едена од доминантните состојки додека во другите препарати „владее во тајност„

 

Лозенка Павлевска

Дипл.фармацевт

Dr.Hauschka kozmetika