”Сакам да се променам но…”

од  |  0 коментари

Речницата ‘’сакам да се променам’’,  толку многу пати е изговорена oд постоењето на човековиот род што на многумина им важи за универзална мисла,

Ефектот на оваа реченица е краткорочен за поголемиот број на луѓе и делумно може да се објасни како механизам кој го имаат жените по пораѓањето – механизам на заборавање на негативните искуства во насока на опстанокот. Кај жените овој механизам се појавува во моментите кога сакаат да родат второ дете, додека пак кај сите оние кои ја изговараат речницата ‘’Сакам да се променам’’, овој механизам донесува заборав во насока на продолжувањето на текот на секојдневниот живот без обзир на неговиот квалитет. Доколку се пронајдете во ситуација да процените дека вашето однесување води кон штета наместо добивка ќе се соочите со одговорноста за сопствениот живот и сопствената среќа. Морате да увидите дека вашиот живот зависи од вас самите не од другите луѓе околу вас.
“Сакам да се променам’’ често  се однесува на трасирање кон позитивна и конструктивна насока во животот, но со промената доаѓаат и труд и работа.

Почесто преземање на одговорности околу промената наместо да се доживуваат како слобода и свеж воздух се чувствуваат како чувство на товар.
Често промените се застрашувачки. Често кога се појавува чувство на слобода , чувството дека го имате својот живот во сопствените раце сето тоа звучи застрашувачки. Најчесто тоа е последица на стравот и неприфаќањето на оваа голема одговорност.
Често луѓето од страв го променуваат своето мислење и се враќаат на стариот шаблон на однесување, затоа што полесно е да се биде несреќен во познатиот свет наместо среќен во непознатиот. Незадоволството е состојба која се често ни е позната, додека пак среќата е помалку позната и не можеме да предвидиме каде ќе не одведе.

Како да останеме доследни на нашата желба за промена?
Желбата за промена се појавува тогаш кога сите наши механизми за одбрана паѓаат доволно за да видиме јасно каде сме и дека тоа не е местото каде би сакале да бидеме и дека нам потребни ни се нови предизвици наместо оние досегашните.

Како да го избегнеме тоа кобно НО, кое следи по желбата за промена?
Иако изгледа застрашувачки да се биде господар на својата судбина, треба да се има во предвид и целта која сакаме да ја постигнеме.

Која е вашата цел?
Што е тоа што го сакате а се плашите дека со саматa помисла на вашата желба ќе доживеете неуспех?

Целта, јасно дефинираната цел е првиот чекор во советодавната работа кај психолозите, односно првиот чекор кон промената.  Целта не треба да биде преголема, недефинирана и сеопфатна, доволно е да пронајдете една работа која сакате да ја промените и да дефинирате што сакате да промените.

Разложете ја својата цел, проценете што добиватем, а што губите, дали сте спремни да се откажете од нештата кои ќе ги изгубите со новото однесување, како ќе изгледа вашиот живот доколку ја направите таа промена…
Не постојат мали и безначајни цели, секоја цел е важна и ве води кон патот на остварување на посакуваната цел, а насоката на движење ја одредувате вие самите. ”Секоја помала  цел метафорички одредете ја како едно мало знаменце на вашиот пат кон освојувањето на планината на чиј врв вие ќе успеете да се искачите како комплетна исполнета личност.”

Стравот од промените не исчезнува преку ноќ, со себе тој го носи и стравот од неуспех, стравот од успех како и стравот од одделувањето.
Промената значи и толеранција на фрустрацијата. Препреките во нас и околностите околу нас може да не натераат да се откажеме, но тие фрустрации може да ни помогнат да се изградиме себе си доколку сме тргнале на патот да го оствариме она кое сме го зацртале.
Во секојдневниот живот постојано се појавуваат различни фрустрации затоа најдобро е да се запрашаме себе си која фрустрација повеќе би ја поднеле: онаа која ќе не прати целиот наш живот или пак онаа која ќе не стимулира да излеземе од комфорната зона и да се запознаеме себе си повеќе?

Земете длабок здив и дозволете си да бидете среќни, затоа што иако оној мал глас во вас ви говори дека не заслужувате да бидете среќни вие ја заслужувате и доколку сте спремни, вие можете да ја пронајдете сопствената среќа.

 

Извор: еPsihoterapija