Што ве спречува да ги остварите своите цели?

од  |  0 коментари

Често се случува да донесуваме одлуки во цел остварување на некои лични цели. Лесно е да се постават целите, но изгледа дека не е и толку лесно и да се остварат. Најтешко е да се остварат оние цели кои се долгорочни, односно за чие остварување нам потребна ни е долгорочна упорност, трпение, доследност и труд.  Ваквите цели донесуваат највисока сатисфакција по личното остварување, но воедно имаат најголеми побарувања од нас па на тој пат многумина се откажуваат.

Зошто не сме истрајни во остварувањето на долгорочните цели?

‘’Краткорочно уживање’’

Најголем непријател на патот на остварувањето на долгорочните цели е ”крaткорочниот хедонизам” кој подразбира тенденција на моментално задоволување и уживање на сметка на остварување на целите.
На пример, доколку сакате да ослабите или да го обликувате своето тело , можете тренингот да го одложите затоа што некоја пријателка ве поканила на вечера. Да земем и друг пример, сакате да го завршите факултетот и ви преостанал еден тежок испит, но вашите колеги ве покануваат на некоја добра забава на која ќе присуствува целото друштво. Некогаш можете да си дозволите себе си мали и слатки задоволства за уживање но не и постојано затоа што ваквите задоволства ќе ве оддалечат од постигнувањето на конечната цел.
Важно е себе си да си дозволите задоволство но тоа е најслатко доколку дојде по некоја напорна работа или успешно завршен проект.
Потребно е да сватите дека начините за остварување на долгорочните цели не се и не можат да бидат пријатни.

Гледање назадво минатото

Кога при остварување на вашите цели наидете на одреден проблем на пример не започнувате да учите или пак немате волја да одите на тренинзи, се случило ли да започнете да се преиспитувате себе си како сте станале толку деконцентрирани и зошто тоа вам ви се случува.
Барањето на причинители за сопственото однесување нема да го промени вашето моментално однесување. Доколку започнете да гледате назад во минатото
и барате причинители можете единствено да го изгубите своето време и да се демотивирате. Затоа не е и толку битно што се случило порано и како сте постапувале порано затоа што веќе е потребно да се свртите кон промените и целите кои сте ги зацртале да ги остварите.

Не сум доволно добар/ добра за да остварам одредена цел

Доколку се етикетирате себе си како некој кој не е доволно добар да оствари одредена цел, тоа може да биде дополнителна пречка во конечниот успешен резултат.  На пример ”не сум доволно интелигентен за да завршам факултет”, ”нема да знам како да вежбам и не треба ништо да правам кога сум ваква”…
Овие очекувања вообичаено произлегуваат од сопствениот перфекционизам кој нам ни препорачува да мораме да бидеме совршени за да успееме во нешто. Секој почеток е тежок и на почетокот ова ќе ви изгледа тешко но со почесто упорно залагање се јавуваат и првите резултати.

Потребно е да се прифатиме себе си со своите свои добри и лоши страни.

Можеби ќе биде потребно и подолго време за да учите од останатите но тоа не значи дека нешто нема да научите затоа што ви е тешко да се сконцентрирате толку брзо како и другите, или пак тешко ви е да се координирате во движењето кога станува збор за некој напорен физички тренинг- но ова не значи дека вежбањето за вас е забрането.
Секој има свои ограничувања но често се случува некој лимит да не може да се премине или некој значаен успех да се оствари во склоп со можностите.
Не се откажувајте пред да започнете, не очекувајте дека патот кон успехот ќе биде прифатен, но бидете истрајни затоа што секогаш на самиот крај ве чека награда за вложениот труд, време и напори.