Што кажува вашиот омилен мирис на вас

од  |  0 коментари

Изборот на нашиот накит и маникир може да откие многу за нас, но ништо не открива повеќе за едно лице од нивниот избор на парфем. Прочитајте за да дознаете што вашиот омилен мирис кажува за вас:

  1. Цветни мириси

Најголемата и најпопуларна категорија парфеми за жени е креирана од цвеќиња како рози,цветови од портокал, гарденија, јасмин, каранфили.
Ако обожавате цветни мириси, вие  сте опуштена, весела и добродушна. Имате силно чувство на женственост што се одразува и на вашиот стил. Вие сте личност која ги цени сите фини работи во животот и има истенчено око за детали и дизајн. Во љубовните односи вие сте ултраромантични, традиционални и помалку љубоморни.

  1. Овошни мириси

Најчесто се користат овошја како: лимон, лимета, мандарина или портокал, овие мириси шират пријатна и освежителна арома. Тие се освежувачки и се погодни за сите жени кои не сакаат да носат парфем со силен мирис.
Доколку ги преферирате овошните мириси  вие сте личност која е горда да кажете дека е ранобудна и полна со свежина да го започнете денот рано наутро. За вас не постои подобар начин на започнување на денот од утрински вежби или трчање проследено со здраво Смути. Вие копнеете за постојана возбуда и ризик, а ретко кога размислуваат за последиците.

11137134_419937514874857_8983264900869110234_n

  1. Ориентални мириси

Овие спаѓаат во групата на најсилни мириси, кои се направени од мошус и егзотични цвеќиња. Доколку ги обожавате овие мириси вие сте топла и сензуална личност, која остава траен впечаток и не се плаши да ја покаже својата сензуалност. Веројатно често ве опишуваат со зборовите “интензивна”, “егзотична”, “хипнотична”. Склопувате силни пријателства, но бидејќи ви е важен квалитетот, а не квантитетот, мудро ги одбирате пријателите. Луѓето ги привлекува вашиот магнетски шарм.

  1. Зелени мириси

Овие мириси се свежи и живи, тие вклучуваат зелени лисја, есенции од свежо искината трева па дури и некои морски растенија. Доколку сте обожавател на овие мириси вие сте храбри, уникатни и шик без никаков напор. Вие сте личност која е хиперорганизирана и целосно практична. Кога пријателката ќе се пожали дека мора да ги исчисти своите плакари, ќе ја критикувате за нејзината неспретнатост – потоа љубезно ќе се понудите да го направите тоа наместо неа. Колку и да сте прецизни и уредни, имате и слаби точки, како што се скапа постелнина и шармантни антички предмети.

  1. “Chypre” мириси

Chypre мирисите се топли и суви, тие содржат екстракти од бергам, мов, даб, пачули, цвеќиња и овошје. Доколку сте личност која сака вакви парфеми тогаш вие сте личност која цели кон големи успеси. Подготвени сте да направите се за да добиете статус, признание и сигурност. Иронијата е во тоа што и покрај вашата очигледна амбиција, често оставате впечаток на нежна, дури и кревка личност. Имиџот на љубител на овие парфеми е кул и класичен, значи совршен за напредување на социјалната скала. На крајот на денот постигнавте повеќе од останатите – иако можеби и понатаму ве прогонува чувството дека тоа не е доволно.

10410364_431490490386226_8329270949546655757_n