Зошто треба да одлучите да летувате во септември ?
Шпицот на сезоната на одмори започува од средината на јуни и трае до крајот на август. Доколу сакате да ги избегнете гужвите и високите цени за ноќевање, а воедно добро да се одморите ви препорачуваме да изберете да одите на одмор вон сезона.
Ние ви пренесуваме неколку причини зошто да изберете да летувате во септември:
Поевтина понуда
Летувањето вон сезона ги прави аранжманите многу поевтини, но ова не значи само намалување на цените за аранжманот туку и на цените за превоз, тури со бродови, изнајмување на автомобил и сите други услуги стануваат поевтини кога побарувачката се намалува. Токму затоа, вкупната цена на одмор во септември за двајца, може да ве чини колку одмор за еден човек во шпицот на сезоната.
Избегнете гужви
Доколку сакате да имате опуштен одмор без бука и слушање на музиката од локалните барови до раните утрински часови дефинитивно во септември е баш така. Исто така ќе ги избегнете гужвите и ќе можете да најдете место на плажа во секое време.
Одлична клима
Летото се уште трае, но температурите не се толку високи како во јули и август. Исто така зрачењето на сонцето не е толку силно, а сепак морето е пријатно за бањање, деновите се долги и сончеви, вечерите стануваат многу поубави и посвежи и веќе нема да ви биде потребен климатизер за да спиете.
Искористете ги поволните пакет аранжмани што туристичка агенција Ариес Травел ви ги нуди за во Грција, Турција, Бугарија, Црна Гора и Хрватска во текот на септември.