Што треба да проверите на гардеробата пред да ја купите?

од  |  0 коментари

Тргнавте да купувате нова гардероба, но не сте сигурни што да купите? Пред секој шопинг проверете во што вложувате Вашите пари, односно дали е тоа квалитетна и долготрајна гардероба кои нема веднаш да се распаѓа и кини после неколку перења или носење.

Дури и да Ви се допаѓа гардеробата на прв поглед, не се брзајте, туку проверете на лице место некои работи за да не морате отпосле да ја враќате, менувате гардероба или барате да Ви се вратат парите, што е секогаш голем проблем.

Петлици

Проверете дали се петлиците добро и убаво сошиени. Доколку не се, лесно можат да Ви паднат, па доколку не сакате да ги шиете петлиците дома, одлучете се за некоја друга гардероба каде петлиците се добро прицврстени. Исто така проверете дали гардеробата има резервни петлици кои можете да ги сошиете ако случајно некое ќе Ви падни.

Шавовите

Обрнете внимание на тоа како е гардеробата сошиена, посебно ако се работи за пантолони – задолжително проверете дали се шавовите рамни и дали се сошиено или некаде се има направено дупче, односно дел што не е споен, а кој покасно може да се испара. Видете дали е шавот рамен или е конецот на некој места собран и создава неправилни набори на облеката.

Патентот

Ако гардеробата која ја имате избрано има патент, повлечете го два три пати, горе долу. Доколку запнува и движењето не оди лесно, патентот не е добар и најверојатно брзо ќе се расипи. Освен тоа, доколку во него влегува парче од ткаенината, тоа е исто така знак да морате да го побарате друг одевен предмет.

Боја

Одблиску погледнете ја гардеробата и забележете ја бојата. Битно е да бојата биде постојана и да се кога ќе се затегни ткаенината, не излегуваат бели точки под бојата – ова е знак дека бојата брзо ќе почне да бледнее.

Ткаенина

Погледнете ја ткаенината од кој е направена гардеробата. Ако има грутчиња, флеки или дупчиња, продолжете и побарајте некоја друга гардероба. Доколку веќе сега има грутчиња тоа е знак да после перењето ќе има уште повеќе.

Посебно внимание обрнете на фармерките

Што се однесува до фармерките, главното петлица мора да биде цврсто сошиено, а доколку не е тоа е знак дека многу брзо може да падни, а овие петлици е тешко да се најдат.