Суета – ‘’сласт за егото, отров за душата’’

од  |  0 коментари

Што значи да се биде суетен? Суетата е поим кој често се користи во негативна конотација. Кога велиме дека некој е суетен тоа го мислиме во насока на негативна карактеристика на карактерот на личноста. Секое човечко суштество може да биде суетно, без исклучок, но кај луѓето оваа особина се разликува во степенот на изразеност на нивната суета. Кога во секојдневниот говор за некого кажувам дека е суетен, вообичаено тоа се однeсува на личност со силно изразена, пренагласена суета.

Каква е суетната личност?

  1. преосетлива на критика и одбивање
    2. Има изразена желба да добие потврда од страна на другите луѓе
    3. Има ниска самодоверба
    4. Цврсто се идентификува со своето его и се задржува на таа идентификација

Суетните личности се преосетливи на критика. Тие секоја критика ја доживуваат интензивно и лично како знак на отфрлање. Доколку ја критикувате суeтната личност, таа ќе биде лута и повредена и ќе се чувствува отфрлено.
Суетната личност има силна желба за прифаќање и одобрување од страна на другите. Таа личност чувствува ‘’глад за љубов’’, таа се чувствува недоволно сакано и не умее да се сака и самата во задоволувачки мерки. Затоа оваа личност бара потврда за својата вредност од страна на другите луѓе. Надворешно може да делува арогантно, надмено и самоуверено, додека пак внaтрепно да се чувствува повредено, осамено, отфрлено, бесно и празнo.

Зошто е суетатасласт за егото”?

Кога суетната личност добива комплименти од другите таа ‘’процветува’’. Личноста во таквите моменти доживува чувство на моќ, лична вредност, чувствува дека е прифатена од страна на другите и тоа го зајакнува нејзиното его. Станува збор на чувства кои личноста ги доживува како личен триумф кој е во исто време возбудлив, пријатен но личноста станува зависна од него и тешко се одрекува од ова чувство.  Проблемот кај оваа појава е тоа што овие чувства не траат долго, за суетата важи народната поговорка ‘’кој високо лета – ниско паѓа’’. Кога запираат аплаузите, воодушевувањето и прифаќањето, суетната личност останува без својата ‘’духовна храна’’ и повторно доживува апатија, умерена и хронична дистимија која може да биде пропратена со повремени епизоди на запаѓање во очај.

Зошто суетата едушевен отров“?

Суетата е “отров за душата” затоа што го попречува природниот капацитет на личноста да се развива и да ја достигне својата крајна цел за личен и духовен развој што во основа значи ослободување од егото.  Слободата на егото не значи и губење на егото затоа што тоа е невозможно. Слободата на егото значи и дистанцирање од егото, свест дека тоа постои,  свесност дека егото е само егоа не суштинска одлика на нечиј личен идентитет. Егото е само филтер низ кој се гледаме самите себе, ги набљудуваме другите и светот околу себе
‘’Иако имам его – јас имам многу повеќе доблести , не само его’’.

Од што се состои егото?

Егото е нешто со што сме се идентификувале во текот на развојот. Тоа се состои од низа на културни и семејно условни вредности, улоги и идентитети.
Егото не можеме да го уништиме или избришеме од нашиот ум но затоа пак можеме да се издигнеме над него, така што ќе увидиме дека тоа не е суштинска карактеристика на нашето битие. Секој од нас има его, но никој од нас не е его.
Суетната личност се концентрира на своето его. Таа не гледа дека може да постои надвор од своето его. Затоа оваа личност е многу чувствителна.
Кога личноста безусловно се прифаќа себе тогаш таа доживува душевен мир, спокој, потполност, радост и искрена љубов спрема другите и светот. Тоа е љубов без очекувања и интереси (Љубам затоа што постојам, а не затоа што сакам да поседувам нешто или некого’’). Кога личноста прифаќа дека може да се одвои од сопственото его тогаш не е желна за прифаќање од страна на другите, кога личноста ќе успее да ја надмине оваа потреба не тежнее кон совршенство, може слободно и удобно да ‘’живее во сопствената кожа’’ затоа што веќе не се идентификува со своето его, стекнатиот идентитет и уверувањата кои ги имала претходно. Таквата личност е свесна за себе но и понатаму знае дека не е совршена. Ова за личноста не е веќе проблем, на неа не влијае несовршеноста затоа што веќе не се врзува за своето его.

Основната его програма е: ‘’вредиш онолку колку другите значајни личности те прифаќаат и потврдуваат како личност’’.
Кога една личност престанува да е свесна за оваа програма на своето его и кога ќе престане истата да ја следи, станува слободна од волјата на својата суета. Егото е програма по која сме биле ‘’програмирани’’ како деца, од раѓањето па се до добата кога стануваме возрасни личности.
Его програмата вели: ‘’Биди она што другите велат дека си, тие подобро од тебе знаат каков си и колку вредиш’’
Секако во овој случај станува збор за илузија!
Никој од нас самите не умее да не познава подобро.

Како можеме да ги надминеме егото и суетата?

Така што ќе погледнеме во себе и ќе ги побараме одговорите. Кои одговори да ги бараме? Ги бараме одговорите кои ќе допринесат да ги оттргнеме илузиите за она што веруваме дека сме. Тоа не може да се опише со зборови затоа што веќе станува збор за доживување..

Доколку сакате да доживеете чувство на слобода, мир и личен развој, ве покануваме да се пријавите за групите за личен развој.  Сите заинтересирани кои сакаат да добијат повеќе информации во врска со начинот и методите на работа, ги замолуваме да поставуваат прашања во инбокс или на следниве адреси:

mastefanova@yahoo.com и stojanovska.despina@gmail.com , како и на тел.броеви

075426946 Марија Стефанова и

078666333 Деспина Стојановска

Реализатори на програмата се:

Марија Стефанова, лиценциран психолог, професионален обучувач на возрасни, тренер по асертивна комуникација

Деспина Стојановска, лиценциран психолог, системски семеен советник, професионален обучувач на возрасни