Сибил –книга за еден од најславните психолошки случаи на денешницата

од  |  0 коментари

Доколку сакате да читате одлични книги напишани врз основа на  вистински приказни, ова е книгата  за вас. Книгата Сибил од 1973 година на писателката Flora R. Schreiber е книга за неверојатната но вистинита приказна на Сибил Дорсет. Таа преживува тешка злоупотреба во текот на детството за откако ќе порасне да почне да преживува мистериозни епизоди на онесвестување. Она што и се случило на Сибил за време на тие мистериозни епизоди ја направи оваа книга, а воопшто и незиниот живот еден од најпознатите и озогласени психолошки случаи во светот кој покрај книга се претвори и во два филмови емитувани на широкото платно во 1976 и 2007 година.

Главната хероина во книгата се вика Ширли Мејсон, но го добива надимакот Сибил од незиниот психијатар кај кого се лечи поради дисоцијативно пореметување на идентитетот (пореметување на мултиплекс персона). Сибил се јавува кај својот психијатар за своите проблеми со анксиозност и губење на меморијата кои преку хипнозата ќе откријат дека зад себе кријат многу поголеми проблеми од основните со кои таа се соочува . Повеќестраните личности кои постојат во  Сибил имаат различно его, па затоа целта на незиниот психијатар ќе биде сите тие личности во неа да се спојат во една .  Вистинската Сибил си пишувала писма на себе секој ден за да почне да се потсетува која е всушност, се со цел да не се изгуби во сета таа загадочност околу незиното пореметување на личноста.

Која е причината за овие напади на Сибил, дали може да и се верува, дали и самата знае која е, дали светот и поверува на незината приказна и на приказната и аудио снимките од разговорите со незиниот психијатар  ќе дознаете само доколку ја прочитате, а кога ќе ја отворите ќе сакате да ја дочитате до крај за да ја решите мистеријата без да ја оставите книгата макар и за миг.

Оваа книга е толку многу контраверзна за читателите ширум светот и предизвика толкава прашина зад себе што би било штета доколку не се прочита.