Вашиот живот е ваш избор!

од  |  0 коментари

Кажете им збогум на негативните луѓе во вашиот живот.

 

Со кого ни започнува денот и го поминуваме времето е буквално една од најважните животни одлуки. Свесно или не со текот на времето стануваме збир од сите оние луѓе со кои сме опкружени.

Затоа размислете за луѓето околу себе. Какви се  и како тие влијаат на вас? Можеби не е лесно како што звучи, но зарем ви се потребни сите оние личности кои секојдневно ви го прават животот потежок? Не е важно колку долго познавате некого, ниту како се поврзани. Доколку имаат негативно влијание врз вас,тогаш мора да се оддалечите од нив. Често е тешко, но секогаш тоа е единственото решение.

iStock_000004670847Large

Еве неколку типови луѓе кои негативно  и лошо влијаат врз вас:

  • Луѓе кои што нон-стоп пцујат.
  • Луѓе кои постојано се жалат.
  • Луѓе кои ве депримираат.
  • Љубомори луѓе.
  • Луѓе кои нон-стоп ве критикуваат, дури и кога најдобро сте ја извршиле работата.
  • Луѓе кои што никогаш нема да ве пофалат.
  • Себични луѓе.
  • Песимисти.
  • Луѓе кои постојано се шворц.
  • Луѓе кои се сомневаат во вашите соништа.
  • Луѓе кои велат ,,блазе тебе, тешко мене”
  • Луѓе кои им даваат негативна конотација на сите нешта.
  • Луѓе кои се плашат да превземат ризик.
  • Луѓе на кои помисливте додека го читате ова, а не се наоѓаат на оваа листа 🙂

life-becomes-easier-when-you-delete-negative-people-form-it

Целиот негативизам околу вас, сакале или не , се акомулира во вашите мисли, го сменува начинот на кој ги гледате нештат и ги намлува шансите за успех и среќа.

Запрашајте се:

  • Дали сакате да сте во подобра форма? Во тој случај,тренирајте со послините.
  • Дали сакате да заработувате повеќе? Епа учете од оние кои заработуваат повеќе.
  • Дали сакате да бидете подобра личност? Поминувајте повеќе време со добри и позитивни луѓе кои се имуни на љубомора, омраза и огорченост.

Иако многумина не го применуваат,ова е навистина едноставен рецепт:

Кога мислите ви се средени и ќе почнете да размислувате позитивно,тогаш добрите нешта ќе започнат да се случуваат.

 88

Вашиот живот е ваш избор

Работете го она што навистина сакате да го работите.

Живеете онаму каде што сакате да живеете.

Исполнувајте го времето со нешта кои ви причинуваат задоволство.

И не заборавајте,

Непревземајнето на ризик е најголемиот ризик кој го правите. Не дозволувајте пасивноста да биде причина за живот исполнет со каење!