Брида- Пауло Коелјо

од  |  0 коментари

Брида од Пауло Коелјо е прекрасна трогателна приказна за љубовта, мистериите и храброста,грешките,за духовната страна на ересот и еротичната страна на духовноста.

Ова е приказна за Брида, млада и убава Ирка, која што во одреден момент во животот осетила дека  го изгубила својот правец на движење и одлучува да започне со нејзината потрага по спознанието на светот. На тоа духовно патување, таа ги запознава двајца свои духовни учители.

Едниот ја учи на Традицијата на Сонцето и на тоа како да ги совлада своите стравови, а другиот ја учи на Традицијата на Месечината  Мудрецот што ја учи како да ги совлада своите стравови, и жената што ја учи да танцува наслушувајќи ја скриената музика на светот. Тие ја препознаваат надареноста на Брида, но мораат да ја остават сама да дојде до крајот на своето откритие.
Додека трага по својата судбина, Брида се обидува, со многу тешкотии, да најде рамнотежа меѓу љубовта и желбата да се промени.
Сепак, и покрај својата надареност  Брида мора да продолжи сама по својот пат и да не се плаши од грешките, затоа што “На светот не постои ништо што е сосем погрешно… дури и часовникот што не работи, успева да биде точен два пати во денот”.

 

Трагајќи по  патот на својата судбина, барајќи го возвиженото, таа треба да го пронајде својот Друг дел (сродна душа)…

 Но доста беше откривање околу ова прекрасно дело, она што можам да ви го  кажам дека ова е интересна книга која што навистина заслужува да биде прочитана…