Сменете го изгледот на Вашиот дом

од  |  0 коментари

Колку пати сте прелистувале скапи списанија за уредување на домот во кои се изгледа така фантастично и совршено и сте се прашувале дали и Вашиот дом може да биде убав како и на фотографиите на списанијата? Со помош на неколку едноставни совети и Вие можете да го средите станот.

Неутрални бои – изборот на бојата треба да биде внимателен и имајте секогаш во предвид  дека неутралните тонови најдобро се вклопуваат во секој ентериер. Најпаметно е да се одлучите за оние бои кои ќе бидат во тренд неколку сезони. Не заборавајте дека бојата влијае на расположението па затоа внимавајте при изборот.

Осветлување – Луѓето често грешат кога просторијата ја осветлуваат само со еден расветен уред, а изборот најмногу паѓа на лустерите или плафоните. Иако се тие неизоставни, ќе се сложите дека тие понекогаш изгледаат демоде. Предлагаме да осветлите само одредени делови на станот, така што со ѕидното осветлување ќе  нагласите некои за вас битни слики. Исто така покрај фотељата и софата можете да изберете столна ламба со која ќе создадете пријатна атмосфера. Максимално користете ја и природната светлост и овозможете да ја има во што повеќе простории на Вашиот дом.

Поместете го мебелот – станот Ви се чини многу досаден и монотон, а немате доволно пари да купите нова гарнитура, но би сакале нешто да смените. Преместувајте го мебелот: преместете ја фотељата, потргнете го каучот од ѕидот, додадете некое столче за кафе или некоја слика на ѕид. Направете поинаков распоред во станот. Сепак доколку се одлучите да правите нов распоред однапред размислете што ќе правите за  грбот да не ве заболи од целодневното експериментирање.

Сликите го разубавуваат домот – слики, постери и другите уметнички дела можат да го направат поубав Вашиот дом. Тоа не мора да бидат скапоцени дела, туку глетка која ќе ви измами насмевка на лицето и ќе ви го подобри расположението кога ќе ја погледнете. Тоа можат да бидат семејни слики, репродукции на уметнички слики кои можат да се најдат по поволна цена. Тука се и огледалата во различен облик и големина кои се сè по атрактивни како украс во станот, како и тапетите.

Избегнете ја монотонијата – дали некогаш сте биле во стан во кој собите се толку пространи  да прават домот да изгледа поголем отколку што навистина е . Се прашувате во што е трикот ? Во едноставноста на боите! Белите ѕидови, каучот, фотељата и мебелот изгледаат феноменално, а посебно ќе биде ако се украсат со перничиња во боја или со некој друг детаљ. Наместо бела боја можете да користите и земјени тонови.

Билки – природната убавина на билките е незамислива кога станува збор за создавање на атмосфера во било која просторија. Посетете ги цвеќарите и обидете се да замислите како некоја од тие билки би се вклопиле во Вашиот стан и од него да направат мирна зелена оаза