Паркет, неоспорен владетел на подовите

од  |  0 коментари

Дрвото е природна облога на подот со најдолга примена во целиот свет. Дрвото овозможува чувство на  склад, убавина, топлина и удобност поради што паркетот  со децении е незаменлив. За жал во голем број на случаи го покриваме со теписите како би го заштитиле, но дизајнерите го тврдат сосема спротивното. Тие нагласуваат дека непокриените дрвени подови се апсолутен хит и дека треба да се истакни нивната убавина. Заменете ги големите теписи со мали и нагласете ја убавината на паркетот.

Доколку треба да изберете подната облога, најдобро е да се одлучите за паркет бидејќи е долговечен и може да се хоблува до 10 пати. Даските се прават од полно дрво со дебелина од 12 – 22мм. Кај нас најмногу се бара паркет од јасен, храст и од буково дрво, а поретко од орев, черешна и багрем. Многу е убав и отпорен паркетот од бамбус но е многу поскап.

Бродски под – ја истакнува убавината  на модерниот и класичен опремен дом. Се прави од дрвените даски кои се премачкуваат со бои за дрво или со специјални лакови. Лесно се одржува и трае со децении. Се прави од различни врсти на дрво, што пресудно влијае на цената.

Ламинат – е производ од понова дата и многу брзо стана популарен. Евтин е и можете и сами многу лесно да го поставите.

Рустиката пак е во мода

Се поставува прашање дали паркетот е прикладен за кујната. Голем број се противат на таа идеја, спротивно на фактот дека добро излакиран дрвен под е исто така отпорен како и плочките. Добро сработен паркет лесно се одржува, подолго трае и е потопол од плочките. Но доколку не сакате да имате оштетување пред шпоретот и мијалникот сепак поставете заштитна патека која лесно се пери. Со неа ќе го заштитите подот и ќе го разубавите просторот доколку внимателно ги вклопите боите.

Ламинатот е чувствителен на влага

Ако поставувањето на паркетот Ви е премногу скапо, одлучете се за ламинат. Таквите подни облоги се прават од мешавина на дрво и синтетички материјали и лесно се поставуваат, чистат и одржуваат.Се прават во најразлични бои, дезени и на прв поглед потсетуваат на бродски под. Ламинатот е поевтин од паркетот, но не можи да се хоблува, па има ограничен век на траење.