Со масажа до подобро расположение
Главоболката, несоницата, грчевите, напнатоста, стресот, сето тоа може да се намали многу едноставно – со раце! Основата на масирањето е допир, а масажата не може адекватно да се спроведува доколку не се исполнети основните предуслови, а тоа е адекватен простор, како и стручен терапевт. Било да идите еднаш неделно или едмаш во месецот, еве неколку совети како да се подготвите:
Пред масажата – би било добро да си овозможите долга топла купка или доколку сте во можност одете во сауна. Тоа ќе Ви ги загрее Вашите мускули. Потрудете се да најдете доволно време да се релаксирате во пријатен амбиент во Вашето купатило или велнес центар, но и да се навреме подгответе за масажа. Исто така пред масажата не е препорачливо обилен оброк, туку лесна ужина.
За време на масажата – потрудете се да бидете максимално релаксирани уз звуците на музика, не мислете на проблеми и стресни ситуации, едноставно, уживајте! Најважно е да запомните дека сте дојдени на масажа за да се релаксирате и да ја вратите енергијата. Според тоа, доколку музиката не Ви одговара, слободно замолете го терапевтот да ја смени, или уште подобро, доколку имате Ваш омилен CD, земете го со себе и уживајте.
После масажата – поред релаксацијата, смислата на масажата е да се исфрлат од телото сите токсини, па би било добро да по завршувањето на терапијата испиете една чаша вода, која целиот процес ќе го забрза.
Типови на масажа за различни луѓе
Релакс масажа – долги потези и техники кои подразбираат малку посилен притисок кој ќе ја подобрат циркулацијата и ќе ја намалат напнатоста во мускулите.
Овој тип на масажа најдобар е за луѓе кои никогаш немаат одено на масажа, како и за оние на кои им е потребно максимална релаксација. Релакс масажа помага во развојот на организам, одржување на неговиот облик, како превенција за премор и напнати мускули.
Терапевтска масажа – лесен допир и длабок притисок со прстите се применува за да се опуштат мускули и намали болката.
Овој тип на масажа се практикува кај различни повреди и заболувања во комбинација со физикална терапија. Се применува во цел на лекување, дејство на заболен организам и ја спроведуваат исклучиво масери физиотерапевти кај различни видови на заболувања.
Масажа со жешки камења – е силна енергетска терапевска масажа и поред тоа што релаксира има и исцелителна моќ. Масажа со жешките камења подразбира да се на крај на третманот става седум полудраги камења на енергетски точки, кои извлекуваат сета негативна енергија од организмот, ослободуваат од напнатост во мускулите, помагаат кај лоша циркулација и се покажа како одлична кога се работи за реуматски заболувања, болки во грбот, но и за намалување на анксиозност, несоница и депресија.
Наменета е за сите оние кои сакаат да се опуштат, ослободат од напнатоста и да уживаат.
Спортска масажа – ова масажа помага кај намален имунитет и некои здравствени проблеми, кај психовизичка напнатост, па дури и за депресија и тага.
Наменета е за сите оние кои се занимаваат со било кој вид на спорт. Се применува во спортска пракса за време на тренинг со задача за зајакнување на издржливоста и лекување кај спортските повреди, посебно после повреди.