Маслото – еликсир на убавината

од  |  0 коментари

Маслото е една од најстарите супстанци која се користи за нега на кожата и косата. Се употребува илјада години во козметичката и терапевтската намена, а во последно време се повеќе влегува во мода, презема улога на креми и лосиони, средства за отстранување на шминката, како додатоци во шампоните и балсамите. Вие со мрсна кожа, не стравувајте – маслото ќе Ви помогни и на Вас!

Еве неколку работи кои би требало да знаете за ова чудотворна течност:

Како делува: Есенцијалните масни киселини се клучни во обновувањето и задржувањето на влагата во кожата. Нашето тело не ги произведува и затоа е важно да се обезбедат од надворешните извори. Со создавањето на заштитен слој преку кожата, маслото го забрзува само обновувањето и зацелувањето на кожата. Поради својата ситна молекуларна структура, многу видови на масла, посебно етеричната, служат како одличен трансфер за пренесување на другите активни состојки во подлабоките слоеви на епидермот.

Кога и како да го нанесувате: Најдобри резултати ќе постигнете доколку маслото ќе го нанесете на влажна кожа.

Зошто е маслото корисно и за мрсната кожа? Со употребата на агресивните средства се исушува кожата и се оштетува незиниот природен заштитен слој. Најдобар начин да ја вратите рамнотежата е употребата на лесни билни масла или нивната комбинација. Кога се по тој пат надоместуваат природните масла, жлездите добиваат сигнал дека можат да го забават создавањето на себум. Клучот е во изборот на вистинското масло и умереноста. Со други зборови, доволно е само неколку капки.

ЛИЦЕТО

Дали некогаш сте се запрашале зошто површинските брчки и првите знаци на стареење побавно се појавуваат кај мрсната кожа? Маслото го пополнува просторот помеѓу мртвите клетки на самата површина на кожата и влегува во пукнатините и така го здебелува епидермот и го прави посилен.

Др. David Colbert, францускиот дерматолог веќе 15 години ги проучува позитивните ефекти на маслото врз кожата на лицето и објаснува: “Кај жените кои имаат повеќе од триесет години, брчките почнуваат да бидат се повеќе забележителни затоа што се намалува лачењето на лојните жлезди, пропаѓа бариерата која е заштитува од губењето на влагата и кожата се суши. Повеќето креми не содржат доволно маснотии за да тоа го спречат. Чистите масла се липосолбилни и лесно поминуваат низ слојот од липидите на кожата и ефикасно и обезбедуваат повеќе хидратација. Маслиновото масло и маслото од кокос се одлични во овој случај.

Маслата исто така можат да ја спречат иритацијата на кожата предизвикани од супстанци кои се користат во препаратите против брчки. Др. Colbert советува нанесување на масло од кантарион или масло од невен, кое смирува по нанесувањето на ноќната крема.

Од друга страна, доколку користите масло пред да ја нанесете anti-age крема, Др. Colbert предупредува дека молекулите на маслото ќе одиграат улога на тројански коњ и ќе ја измами кожата да ги пропушти активните состојки, како што се ретинолот, гликолната киселина и витаминот Ц, подлабоко во епидермот а поблиску до фибробластите кои се задолжени за производство на колаген и сето тоа без површинска иритација.