Софистицирани решенија на 21 Век кои сите ги сакаат!

од  |  0 коментари

-Интелегентни прозори во вид на соларни панели кои сами се чистат…

 Ова се најновите технолошки достигнувања, на кои никој не може да им одолее и  не би ги посакал во својот дом. Технологијата за т.н. ,, паметни прозори,,  и големи стаклени ѕидови постигна значителен напредок во поглед на техничките и концептуалните прашања. Повеќе истражувачи тимови ширум целиот свет, моментално работат на подобрување на изборот на нови материјали, кои се обидуваат да се најде оптималното и трајно решение за производство на овие ,,паметни прозори,, кои придонесуваат за појава на една нова димензија во технолошкиот сектор а истовремено претставуваат софистицирано решение на 21 век.

Германската компанија  на ланскиот саем во  Нирнберг  се претстави со својата последна иновација –дрвени прозори со систем за самоодржување (само чистење). Благодарение на  овој систем за надворешно одржување, премачкувањето на дрвото со лак ќе стане дел од вашето минато.Додека пак нанотехнологијата овозможува прозорите сами да си се чистат.Односно премачкувањето на прозорите со nanofilm помага да капките од дождот не се лепат за прозорот, туку да се лизгаат низ површината на прозорот, така што истовремено ќе го чистат прозорот.

roller-blinds-2

Исто така електро хроматските прозори овозможуваат да се контролира  количеството  на светлината според вашите желби,потреби и секако според условите во околината во која што живеете. Прозорите со nanopolimer, исто така овозможуваат котролирање на светлината, а исто така и  повеќекратно зголемување на енергетската ефикасност.

Додека пак паметните прозори со течни кристали  наменети се првенствено за да обезбедат соодветната дискреција , бидејќи со помош на нивната технологија која овозможува целосно проѕирното стакло за момент  да се  претвори во затемнето стакло. Но овој вид за разлика од елктро хроматските прозори не се наменети за заштедување на енергија.

self-darkening-glass-diagram

Нов напреден чекор во конструкцијата на овие т.н. ,,паметни прозори,, дефенитивно се прозорите-соларни панели. Имено норвешката компанија EnSol AS ,штотуку го патентира овој нов изум. Во самите стакла на  прозорците е поставен посебен соларен филм кој преку метални наночестички  ја конвертира сончевата енергија во енергија потребна за греење или осветлување на домот.

Комерцијализацјата на овие соларни прозори е предвидена околу 2016 година и се очекува да постигне револуционерен напредок во овој сектор.