Нови начини за да го уредите ентериерот на вашиот дом со цвеќиња

од  |  0 коментари

Доаѓа зимата и време е љубителките на цвеќиња своите повеќе сезонски цвеќиња да ги внесат во домот за да ги заштитат од студот.  По советите на LifeStyle Австралија, ние денес ви нудиме неколку можности за декорирање на вашиот дом со цвеќиња на малку поневообичаен и експериментален начин. Бидете модернистички расположени и пробајте нешто ново.

Акцентирајте го вашиот ѕид со цвеќиња во мали украсни саксии.

Идеата е толку убава заради незината едноставност и репетиција, а исто така заради тоа што ја нагласува убавата зелена боја која дава специфичен контраст на ѕидот. Најсовршено место за да украсите ѕид со цвеќиња и билки е доколку имате затворени балкони и веранди.

 

shay1-1 shay4

Висечки саксии во стаклени чашки

Во ќпшевите на некоја соба прикачете кактуси или некои поситни цвеќиња во стаклени висечки садови кои ќе ги подредите на жици, конопски конци или синџири  со различна должина , но целта е да бидат нерамномерно подредени и кога некој ќе ги здогледа да ја увиди вашата имагинација.

shay2

Искористете некласични саксии

Користете различни неконвенционални саксии и подредете ги на некаква сталажа која ќе си ја изработите сами и дадете му акцент на некој посебен дел од вашата дневна соба.

shay3

Направете сопствени мини- терариуми

Барате нешто што ќе ви го олесни одржувањето на вашите цвеќиња во домашна атмосфера? Тогаш одлично репение за вас е мини терариум во стаклена тегла украсена со некое украсно камче или школка во внатрешноста. Колку поглема е теглата- толку поубаво и помодернистички ќе изгледа севкупниот изглед.  Совршено украсениот мини-терариум можете да го ставите во центарот на вашата трепезариска маса или пак врз вашата кафе-масичка.

shay4

Доколку не сте љубител на домашни цвеќиња , а барате интересен совет – ние ви нудиме да ставете мали гранчиња од дрвенести растенија во стаклена тегла или шише и да ги ставите врз вашата комода, или пак ноќна масичка. Севкупниот изглед има некој свој шарм а изгледа и привлечно.

shay5             accentwall4