Соочување со сопствените фобии, пат до посреќен и поисполнет живот

од  |  0 коментари

Луѓето кои страдаат од социјална фобија/фобии често имаат негативни уверувања кои допринесуваат за појава на зголемена анксиозност.

Доколку патите од социјални фобии често себе си поставувате ограничувања како:
– ‘’ Знам дека ќе изгледам ‘’смешно’’.
– ‘’ Мојот глас ќе стане несигурен и ќе се понижам’’.
– ‘’ Луѓето сигурно ќе помислат дека сум глупaв/a’’.
– ‘’ Сигурно нема да имам што да им кажам, сигурно ќе делувам досадно и нервозно’’.

Преиспитувањето на негативните емоции  и уверувања низ терапија и самоиспитување се дел од начините за намалување на симптомите на социјалната фобија.

Што е важно?
Првиот чекор кон смалување на симптомите на социјалната фобија е препознавање на негативните уверувања кои се основи за појавата на стравот. Логичката анализа на стравот и резултатите од активностите околу кои постојат грижите е многу битна. Постепеното заменување на негативните фобии со реалистички и позитивни гледишта се најдобриот начин за самопомош.

Како да се анализираат фобиите?
Зошто социјалните фобии имаат голем импакт врз поединците?

Луѓето често си креираат претпоставки што другите мислат за нив– oстанатите не секогаш гледаат на вас со иста негативна критика како што вие самите тоа го правите!
Предвидувањето на идните настани на најлош можен начин– не убедувајте се дека работите ќе бидат лоши уште пред да сте ги започнале, со ова вие станувате повеќе анксиозни пред самата ситуација да се случи со што само ја влошувате својата состојба.
Размислувањата дека ќе се случи катастофа и преувеличувањето на размерот на вашата нервоза – ништо ужасно, страшно или катастрофално нема да ви се случи доколку не дозволите.
Претераната персонализација и претпоставките дека сите се фокусираат на вас на негативен начин и дека нивното однесување има директна врска со вас- е само во вашата глава.

Како да ја смалите нервозата и да ги надминете своите фобии кога зборувате јавно?
Првично не фокусирајте се на себе, престанете да се оптеретувате со преголемото внимание на телесните симптоми, зборувањето, тонот на гласот или пак оптеретувањето со самите себе.
– Гледајте во другите луѓе или во самото опкружување.
– Слушајте што се зборува, не размислувајте низ филтерот на своите негативни мисли.
– Не превземајте одговорност за текот на целата конверзација, тишината е прифатлива и овозможува и другите да се вклучат во разговорот.

Научете да го контролирате своето дишење.

Во телото за време на појава на паника и анксиозност се случуваат голем број на промени, меѓу кои и забрзаното дишење. Забрзаното и плитко дишење прават дисбаланс на протокот на кислород во крвта што во вашето тело предизвикува физички симптоми на појава на вртоглавица, гушење, забрзано чукање на срцето и силна мускулна напнатост.
Доколку научите како да дишите правилно, можете да воспоставите контрола над физичките симптоми на својата анксиозност.

Соочете се со својот страв

Еден од најкорисните начини за совладување на многу пречки низ животот е соочување со сопствените стравови. Избегнувањето на одредени социјални ситуации само ја зголемува долготрајноста на социјалните фобии. Избегнувањето на непријaтни ситуации може само да ви донесе краткотрајно олеснување (навидум), меѓутоа тоа ве спречува да се чувствувате удобно во групи на луѓе и да научите како да се справувате со неудобноста. Колку повеќе избегнувате одредени ситуации или активности се пострашни и ќе ви делуваат.
Избегнувањето на работни настани како коктели или семинари на пример,  само ќе го ограничи вашиот круг на познаници, новитети и можни пријателства, конекции или пак ќе ве спречи да напредувате.  Стравот од настани на пример иако може да делува недостижно, можете да го совладате чекор по чекор. Трикот се наоѓа во тоа што се почнува со ситуации кои полесно можете да ги поднесете, не е мудро да започнете со нештата од кои најмногу се плашите поради зголемениот ризик од пребрзо откажување. Градејќи ја својата самодоверба и вештини со мала помош на своите соработници, пријатели или партнери и следејќи го нивниот пример вие веќе сте започнале да ги надминувате своите фобии.
Доколку имате страв од запознавање на нови луѓе, добро е да го следите примерот на пријателот и му дозволите тоа да го прави пред вас за вие да сте поопуштени и порелаксирани кога ќе дојде и редот на вас.

Промена на животниот стил и градење на стабилни врски од доверба

Активното зголемување на кругот на познаници и пријатели, местата кои сте ги посетиле и соочувањето со стравот се уште еден успешен начин за совалдување на социјалната фобија, интеракцијата со другите на позитивен начин исто така.
Работете на вашите комуникациски вештини, добрите врски се заосновани на јасна и емоционално интелегентна комуникација.
Некои од вашите навики исто така имаат голем допринес за зголемување на нервозата и стравот како: кофеинот, никотинот, минералната вода, енергетските напитоци, чоколадото, алкохолот, недоволен сон и одмор,  недоволна физичка активност, брза и масна храна.

Кога самопомошта не е доволна?

Пристапот при третирање на социјаните фобии варира и зависи од самата индивидуа.
Стратегиите за самопомош се доволни само при ублажување на симптомите на социјалната фобија. Доколку веќе сте примениле некои од горенаведените техники и не успевате да се справите со своите симптоми, можеби ви е потребна и дополнителна професионална помош.
Од сите професионални третмани кои се на располагање најсоодветна е когнитивно-бихејвиоралната терапија. Начинот на кој мислите има големо влијание врз начинот на кој се чувствувате, а вашите чувства влијаат на начинот на кој се однесувате. Ако го промените начинот на кој размислувате за нештата околку кои имате стравови тогаш и начинот на кој ќе влијаат врз вашиот живот и чувства ќе стане позитивен.

Когнитивно-бихејвиоралната терапија опфаќа:
– учење на начините за контролирање на симптомите на анксиозност низ релаксациони техники и дишење
– преиспитување на негативните мисли кои ја засилуваат социјалната фобија и креирање на позитивни гледишта
– соочување со ситуациите од кои се плашите и нивно надминување

* При појава на социјална фобија не е препорачливо земање на медикаменти без препорачан рецепт и лекарска консулатација. За повеќе информации околу терапија со медикаменти консултирајте се со професионално лице.

Извор:
– webmd
– psychcentral.com
– psychology today