Дали имате предрасуди или страв од посета на психијатар/психолог ?

од  |  0 коментари

Променете ги своите перцепции- променете го својот живот на подобро !

Кога справувањето со сопствените проблеми, нивното прикривање, но и товар  стануваат премногу тешки за справување ,  добро е  за истите да се разговара со стручно лице.

Многу често нашите перцепции за она што всушност претставува посетата на психијатар се изобличени. Колку од вас чувствуваат страв од осудување од најблиските при помислата да побараат помош од психијатар? Колку од вас доколку би имале проблем би побарале стручна помош? Колку од вас себе си признаваат  дека  се соочуваат со  проблеми (кога истите настануваат)? Колку често со кризните и тешки ситуации во животот се справувате самите и товарот го носите врз себе без да разговарате за своите емоции и стравови ?

Прво да почнеме со предрасудите и стравовите…

1. Никој од нас не е спремен да прифати дека има проблем. Секој може лесно да прифати дека има скршеница на раката но не дека и нешто конфузно му се случува и во главата.

2. Страм – ‘’ не јас не сум ментално болна/болен’’ … ‘’ Не само то не, јас не сум болен/болна, како ќе се грижам за себе, како ќе продолжам со работата, со грижата за семејството?  Ќе му покренам страм на целото семејство, не само на себе!’’

3. Страв – ‘’ Не јас не смеам да кажам пред другите дека се соочувам со проблеми, што ќе мислат за мене, како ли ќе ме осудуваат, а што ако морам да се лекувам во психијатриска болница? ‘’

4. ”Дали ќе се чувствувам подобро? ‘’Лекарите знаат само да даваат апчиња и мислат дека со тоа ќе ги решат сите проблеми. ‘’

5. ‘’Дали лекарот ќе пробува да дознае повеќе за моето минато? Се плашам дека моите проблеми нема да останат во приватноста на ординација, што ако некој друг ги дознае ?. ‘’

6. ‘’ Дали сум одговорен/одговорна за својата болест/состојба?
Не ми е потребен психијатар за да ми каже како да мислам.
Моќта на посвеста и волјата мора да се клучот за да го решам својот проблем-  па и не морам да одам на психијатар! ’’

7. ‘’ Дали ќе постои траен доказ за посетата на психијатрот во моите податоци?
Ова може драстично да влијае врз мојот приватен живот и кариера.’’

8. ‘’ Како може лекарот да ме промени мене, кога јас сам/а не умеам? Ниту еден лекар не може да го промени моето минато и траумите низ кои поминав. ‘’

Причини поради кои е добро да се посети психијатар/психолог

– За да научите да се сакате и прифатите себе! Многу луѓе чувствуваат проблеми со самодовербата, недоволното чувство на љубов и среќа, но и бројни стравови што незначи и дека  имаат ментално пореметување/болест.
– За да научите како добриот брак да го направите одличен! Многу врски се функционални, но среќата и љубовта наизглед избледуваат. Советувањето на парови може да помогне во подобрувањето на комуникацијата и да ја врати страста, возбудата и хармонијата на брачниот живот.
– За да научите како да бидете фантастични родители! Многу од нас применуваат техники научени од нашето детство во  текот на родителството и не се чувствувата исполнети со начинот на своето воспитување. Терапијата може да помогне за а насочи правилен пат за односот среќни –мајки- татковци – деца.
– Сакате да напредувате! Доколку сте несреќни во позицијата и кариерата во која се наоѓате, зошто нешто подобро не ви се случува? Дали страв, интерперсонален конфликт или пак работата која сте ја вложиле во градењето на работното место ве спречуваат да напредувате?

Терапијата може да биде каталист за здрави промени во вашата кариера.

– Сакате да ја разберете вашата цел во животот!
– Сакате да се истражите себе си, да ги истражите своите чувства подлабоко!
– Сакате да постигнете одредени цели! Менталните ограничувања често се препреката кон остварување на целите во животот.
– Сакате да надминете трауматски искуства, стравови, фобии!
– Сакате да научите како да се справите и соочите со сопствените емоции!
– Сакате да научите како да заборавите и простите!
– Сакате да научите техники како најлесно да се справите со развод, смрт на блиска личност, болест …

Како се променува реалноста по посетата на психијатар/психолог?

– Започнавте да го прифаќате својот проблем! Проблемот постои и е реален, чувството на анксиозност и депресија се појавуваат со процеси на хемиски дисбаланс во мозокот, можат да се третираат. Дури и со ментална болест животот може да продолжи на сосема продуктивен начин.
– Нема потреба од страм од одење на психијатар! Се работи за индивидуалци обучени за третирање на болести и справување со емоции и кризни животни ситуации. Не е страмно да превземете активности кои ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот и врски, штета би било да ги пропуштите убавите работи во животот поради прикривање на проблемите.
– Депресијата на преимер се третира без хоспитализација!
– Антидепресиви се препишуваат кога е потребно, затоа што со правилна терапија можат да допринесат кон поголема мотивираност, чувство на добросотојба на краток рок доволно мотивирачко за излез од самата состојба.
– За подобро да ве запознаат и да го пронајдат изворот на вашите проблеми, психијатрите проблематиката ја бараат во причинско-последичните од вашето минато. За да го направат тоа тие ја учат психологијата на вашата личност.

-Сесиите, имињата, проблемите и начините на кои се одвиваат истите се од висока тајност и доверливост и остануваат само зад вратите на психолошкото советувалиште/ординација.

Психијатрите во согласност со минатите искуства может да им помогнат на своите пациенти да се справат со своте сегашни проблеми и им трасираат пат за посреќна, поисполнета и похармонична иднина. Не плашете се да побарате стручна помош, заслужувате да бидете среќни сега!