Страв кој парализира – социјална фобија кај младите
Социјалната фобија вообичаено ја појавува по пубертетот или пак за време на адолесцентноста, а незиниот врв го достигнува околу триесеттите години од животот.
За многу луѓе социјалната фобија може да претставува пречка во секојдневниот живот и навики, а на други пак да може да им ги уништи најубавите години од животот.
Многу мал дел од луѓето кои се соочуваат со овој проблем бараат професионална помош, а уште помал број од нив применуваат правилна терапија за лечење на оваа состојба и сами посегнуваат кон медикаменти.
Социјалната фобија потребно е да се одвои од анксиозноста која е пократкотрајна, а луѓето ја чувствуваат како дел од процесот на прилагодување на социјалните околности.
Постои ли поврзаност помеѓу ниската самодоверба кај адолецентите и социјалната фобија?
Проблемот е во тоа што социјалната фобија влијае врз ставот и мислењето околу себе. Оние работи и активности кои младите ги прават со леснотија, оние кои се соочуваат со социјална фобија не можат. Тие лица се преосетливи, тажни и фрустрирани. Овие млади се парализирани со својот страв, прекумерно се страмежливи и оптеретени со впечатокот кој ќе го остават кај останатите, па затоа ги избегаваат местата каде би можеле да се најдат во социјални ситуации. Тоа често ги доведува до повлекување од околината и резултира со губиток на квалитетот на нивниот живот и анти-социјалност.
Во која мера социјалната фобија е поврзана со депресијата?
Социјалната фобија е големо оптеретување за лицето кое се справува со неа. Често е придружена со други психички проблеми. Според бројните податоци соијалната фобија често се поврзува и со депресија, алкохолизам, панично пореметување и анксиозност.
Може ли неизлечена социјална фобија да биде причинител на сериозни здравствени проблеми?
Доколку не се лечи, социјалната фобија се развива и продлабочува и може хронично да го оневозможи болниот да се справува нормално со совојот професионален и личен живот. Таа е потребно адекватно и навремено да се лекува.
Каква улога имаат родителите и околината ?
Трауматизирачкото искуство на премногу протективни родители или пак одбивачки родители во раното детство, предизвикува најчесто авивање на потешкотии во развојот на личноста на детето, влијаат врз неговата самодоверба чувство на вредност. Она што околината но и семејството треба да го покажат кон лицето кое се справува со проблеми е поддршка, позитивен став и прифаќање на проблемите со разбирање.
Во кои случаи е потребно лекување и како тоа изгледа?
Лечењето е потребно во сите случаи кога социјалната фобија влијае врз личноста. Лечењето може да се одвива со помош на фармакотерапија или пак со различни методи на психотерапија и комбинации на методи во консултација и следење од страна на стручно лице психолог- психотерапевт.