Практични и едноставни трикови како вашиот мебел постојано да сјае

од  |  0 коментари

Природната кожа не е хемиски обработена, па поради тоа има многу висока способност да апсорбира и е многу чувствителна на сите видови течности, масти и други супстанции.

Во одредени случаи, доколку веднаш не се реагира, нивното отстранување може да биде и невозможно.

kako-da-go-odrzuvate-vasiot-mebel-na-unikaten-nacin-fw

Чистење на природна кожа:

• Кај суви дамки, површината четкајте ја со мека четка или правосмукалка, подесена на средна јачина со соодветниот дополнителен елемент (продолжеток), притоа водејќи сметка да не гребете по кожата.

• Дамките предизвикани со излевање на течност (сок, кафе, чај, млеко, џем) брзо впијте ги со чиста крпа или хартиено марамче. Потоа, со чиста крпа натопена во раствор од млака вода и неутрален сапун, нежно исчистете ја дамката, од нејзината надворешна страна кон внатрешната. Кожата не треба да се превиткува, а површината потребно е да се исуши со пребришување со чиста крпа. Кожата не смее да се суши на сонце или со фен за коса.

• Кај масни дамки (масло, кечап, мајонез, чоколада), остатокот вимателно избришете го со хартиено марамче, притоа внимавајќи да не ја притискате дамката, со цел да не се впие во порите. Со чиста крпа, натопена во млак раствор од вода и неутрален сапун, внимателно исчистете го остатокот на дамката, од надворешниот раб кон внатрешноста. Веднаш потоа површината исушете ја со пребришување со сува крпа.

Одржување на природна кожа
Кожата треба да се одржува 1-2 пати во месецот, или почесто ако е потребно. Површината после постапката треба да се пребрише со чиста, сува и мека крпа.

• Водата е забранета – чистењето на кожната гарнитура со вода е забрането бидејќи кожата пука од влагата. Меѓутоа, дозволено е таа да се пребрише со влажна крпа, но под услов веднаш потоа да пребрише со некоја сува мека крпа.

• Спрејот е најдобар – за одржување на кожниот мебел најдобри се средствата во форма на спреј. Со нив се прска мебелот, а потоа се пребришува со сува мека крпа.

• Крема – кремата за чистење на кожниот мебел не би требало да ја употребувате често. Доволно е на секој 3-4 месеци со неа да го премачкате кожниот мебел и тој ќе остане мазен и мек.

• Чистење на прашината – еднаш неделно исчистете ја прашината која се собира во превоите. Така ќе избегнете собирање на поголеми количества на прашина и прибегнување кон поагресивни методи.

• Восок – кожниот мебел не смее да се чисти со восок ниту со крема за чевли, бидејќи на тој начин се затнуваат порите и се создава масен слој, кој уште повеќе ја привлекува прашината.

Што не треба да правите?

• Избегнувајте да ја поставувате гарнитурата блиску до извори на топлина, како што се радијаторите или печките. Нека бидат поставени на најмалку 50 cm од изворот на топлина.

• Ако сакате да ја задржите оригиналната боја, гарнитурата не ја изложувајте на сонце и силни извори на светлина за да не избледи.

• Не употребувајте непроверени средства за чистење и заштита на кожата. Секоја дамка отстранете ја ВЕДНАШ, пред таа да се впие.

• Во просторот во кој има кожен мебел најпримерена влажност е од 40% до 60%, за да се спречи сушење и пукање на кожата.

За крај, ќе напоменеме дека некои типови кожа, и покрај нормалната употреба, со тек на времето добиваат патина. Неа не треба да се обидуваме да ја отстраниме бидејќи на тој начин ќе се создаде уште поголемо оштетување.