Совети од стручњаците – шминка која ќе го истакни вашето лице

од  |  0 коментари

Светските стручњаци из врвните козметички компании Ве советуваат како да изгледате посвежо и како да избегнувате најчести грешки.

Руменило – премногу темни, светли или мат румени образи изгледаат вештачки. За да ја пронајдете идеална нијанса, штипнете ги образите, па изберете руменило и нијанса кои образите имаат по штипењето. Најлесно ќе го нанесете руменилото во облик на крем бидејќи лесно се размачкува. Насмејте се сами на себеси во огледалото, па со руменилото намачкајте ги јагодиците. Никогаш не го нанесувајте во дијагонални рамни потези.

Сенка за очи – не претерувајте со сенка бидејќи нејзината интензивна боја одбива внимание од лицето. Најдобри се оние проѕирни, во облик на крем. Капците изгледаат поубаво доколку се наѕираат под сенката. За разлика од крем сенки, сенките во прав делуваат помалку природно. Ако имате светол тен, избирајте розови тонови, а доколку е Вашиот тен потемен, најубаво ќе Ви одговараат гри нијанси.

Молив за очи – очите истакнати со тенка линија изгледаат поголеми отколку што се навистина, додека ги дебелата линија прават помали. Најубаво ќе изгледате доколку повлечете тенка линија околу нив, а потоа ја лесно со прст размачкате. Користете молив со кремаста текстура бидејќи со неа постигнувате природен изглед. Нежен ефект на чад ќе постигнете со употреба на молив во сите тонови.

Маскара – премногу маскара на трепките ќе направи да изгледате неколку години постаро. Интензивно обоени трепки фрлат сенка под очите со што ги нагласуваат секоја брчка. Одберете маскара со четче која ги продолжува трепките и нанесувајте најмногу во два слоја. Вишокот тргнете го со четчето.

Кармин – пресветлите, како и премногу темни кармини можат да Ве направат постари отколку што сте. Погрешен избор на тонот на карминот многу ги нагласува брчките околу усните, што секоја жена сака да избегни. Идеална боја на кармин е само една до две нијанси потемна од бојата на Вашите усни. Природниот изглед ќе постигнете ако наместо кармин употребите сјај за усни во боја.

Молив за усни – истакнете ги усните со молив, но нека тоа биде што помалку видливо. Сакате да постигнете нежен изглед, не треба да користете молив со темни тонови. Тој треба да биде во боја на усните, а не во боја на кармин. Во спротивно во текот на денот ќе ви остани само темен раб околу усните.

Веѓи – веѓите не изгледаат убаво доколку се премногу тенки или обликувани во остар лак. Најдобро е да првиот пат обликувате веѓи во козметичкиот салон, а потоа нивното одржување ќе биде поедноставно