Негувајте ја кожата и во студени денови

од  |  0 коментари

Студено време, неповолните надворешни фактори, парното греење, недоволната консумација овошје и зеленчук дополнително ја оштетува кожата. Затоа е потребна посебна нега на кожата.

Кожата често реагира на иритации и се јавува црвенило со промената на годишните времиња. Затоа во текот на зимскиот период треба да го мачкате лицето со хидратантен крем кој на ефикасен начин длабински ќе ја храни кожата и ќе ја сочува незината влажност. Треба да се има во вид дека со постојаната промена на температурата на кожата ќе се појават мозолчиња и митесери, а со самото тоа кожата ја губи мекоста. За да и вратите еластичноста, редовно чистете ја со тоник кој не содржи алкохол. Доколку имате впечаток дека кожата Ви се затегнува и дека е повеќе исушена од вообичаено, тоа е знак дека и е потребна нега. Производи на база на термална вода ја смируваат иритирана и сува кожа и и враќаат еластичноста. Можете да ги најдете во спреј или во облик на крем, а најважно е да редовно ги употребувате.

Чудотворен серум

За зимскиот период козметичарите препорачуваат дополнителна нега на кожата со серумите, кои се нанесуваат пред да ставете ноќна хранлив крем. Тие на кожата и обезбедуваат дополнителна заштита и нега против исушување и оштетување. Голем е избор на серумите: постојат витамински серуми, со витамините А, Д, Е, Ц, серум со ретинол, серум на база хијалуронска киселина, на база на масло од семето на грозје, на база на плацента, постојат биоактивни серуми, како и колаген ампула. Меѓутоа со серумите треба да се внимава, а се препорачува да се користат на 20 дена, а после тоа треба да се направи пауза.