Ароматерапија – мирисна терапија

од  |  0 коментари

Ароматерапија е најмногу ефектна кај стрес, напнатост и кај психички проблеми, кај болка во мускулите, пореметено варење, ПМС – а, менопауза и депресија по породувањето.

Ароматерапија е метод на лекување во која се користат етерските масла како средство за спречување на болеста или незините симптоми. Етерските масла не ги лекуваат само една болест туку делуваат на целокупниот организам: смирува, урамнотежува, подмладува дух и тело. При поминување низ носот, молекулите на етерското масло ги стимулираат нервните завршетоци на сетилото за мирис. Нерв за препознавање на мирисите понатаму ги испраќа одредени пораки во различни центри во мозокот: темпорален дел, таламус ( центар за меморија ), хипоталамус ( центар за важни телесни функции ), импулсите понатаму проследуваат до хипофиза, која е центар за производство на сите телесни хормони. Делотворноста на ароматерапија се крие во односот на мозочниот центар и нервот за мирис.

Врсти на ароматерапија

Ароматерапија дава најдобри резултати доколку се комбинира: просторна дифузија, купки, инхалации и внатрешна употреба.

Просторна дифузија

Се става неколку капки од етерско масло на топла површина за да може да почни испарувањето, односно ширењето на мирисот. Посакуваниот ефект се постигнува за само неколку минути задржување во просторијата која е богата со арома на етерско масло. Ароматерапија посебно се препорачува за лекување на психичките проблеми, при што се со просторна дифузија постигнува најдобар резултат.

Масажа

Со триење и масирање на етерското масло во кожата, неговите молекули поминуваат низ епидерм во нимфа и крв. Самата масажа ја зајакнува циркулација во крвта, што дополнително зголемува поминување на етерското масло, а со тоа и неговата делотворност.

Купки и инхалации

При инхалацијата потребно е во топла вода да се тури неколку капки етерско масло и да се диши се додека се чувствува мирисот, а кај сауните или бањањето во када треба во вода да се додаде десетина капки масло, што е сосема доволно за потполн ефект.

Внатрешна употреба

Внесување на етерското масло во организам треба да се изведува си преголема внимателност бидејќи постојат многу несакани ефекти, поради што овој начин многу ретко се користи

Откријте која е Вашата идеална база

Кога сте напнати и сакате да ги мирис кој ќе Ве опушти на вратот ставете малку мирис на база на горчлив портокал или камилица. Ќе Ви поможи да се опуштите и релаксирате.

Против телесна и ментална исцрпеност –  Доколку е Вашиот проблем преоптовареност со работа, посебно ако се работи за интелектуална работа, Ваш најмоќен сојузник е рузмаринот. Неговата есенција делува енергетски.

Подобрете го помнењето – Уморни сте и исцрпени и морате да ги обновите Вашите залихи на енергија. Вистинска есенција за Вас е босилок, кој успешно го отклонува интелектуалниот замор, но и болки во мускулите.

Против депресија – за да ги совладате нападите на меланхолија, побарајте ја помошта од есенција на бор. Неговиот силен и лековит мирис непријател е на стресот, напнатост и депресија.

Ако сте безволни – кога сте безволни и не сте заинтересирани за се оно што Ве окружува, побарајте го иланг – иланг. Екстрат од егзотично жолт цвет, благодарение на стимулативно и антидепресивно делување, може да Ве поттикни на акција.

Несоница – доколку не можете да заспиете ќе Ви поможи есенција на горчливиот портокал. Тоа е одлично средство против несоница, нервоза и умор