Совршена хидратантна маска за лице за топлите летни денови

од  |  0 коментари

Сите копнееме по бронзен тен во текот на целата година , а особено во лето но мораме да ве потсетиме на фактот дека дел од сончевите зраци особено UVA и UVB зраците во лето се големи непријатели на вашата убавина.

Овие сончеви зраци предизвикуваат:
– предвремено стареење (резултатите се јавуваат на долг рок)
– појава на брчки
– сушење на кожата на лицето и губење на свежината и сјајот
– појава на бенки, флеки и дисколорација

Поради овие причини потребно е да го нахраните своето лице приготвувајќи повеќе хидратантни маски ова лето. Еве рецепт за еедна маска која веруваме ќе ви се допадне
DSC_0935
Рецепт за домашна хидратантна маска
. 2 лажици овесни снегулки
. 2 лажици јогурт
. 1 лажица мед
. половина банана

Состојките изблендирајте ги заедно во блендер или пак доколку немате блендер прво испасирајте ја бананата, додадете го медот па полека со мешање и јогуртот. Мешајте додека не се добие хомогена смеса и додадете ги овесните снегулки.

Маската ставете ја во фридижер околу 20 минути и подоцна намачкајте го лицето и деколктето.
Оставете да отстои 30 минути
Исчистете ја маската од лицето
Измијте само со млака вода
Нанесете хидратанта крема

Постапката повторувајте ја 1 неделно. Лицето ќе ви биде благодарно!