Идеални третмани за совршено тело!

од  |  0 коментари

Целулит, стрии, масни наслаги и опуштена кожа се само некои од проблемите со кои скоро секоја личност се соочува. Сето тоа во летниот период доаѓа повеќе до израз. Понекогаш ниту здравиот режим на исхрана и физичката активност не се доволни и не помагаат, па помош бараме во различните третмани за подмладување и реобликување на телото!
Во Дерма Бела – Центарот за козметика, естетика и ласерски центар, ќе ви помогнеме да изберете соодветна комбинација третмани со која ќе се ослободите од масните наслаги и ќе го реобликувате вашето тело!

https://www.dermabella.com.mk/ https://www.facebook.com/Derma-Bella-115390316856/
Мезотерапијата е ефикасна, медицинска и традиционална метода, каде активните состојки се инјектираат во средниот слој на кожата (мезодерм). Одредувањето на видот на коктелите зависи од регијата која се третира и од ефектот кој сакате да го постигнете.  Ефикасно се решава целулитот и наслагите од половината, колковите, бутовите, околу колената, стомакот и стриите.

Mezoterapija-tela

Можно е да се намали и обемот на надлактиците и да се подобри тонусот и еластичноста на мускулите од различни регии.

Воглавно се користат коктели од врвни производители кои се безбедни и ефикасни, содржат витамини, минерали, хијалуронски киселини, антиоксиданти, односно сите компоненти за подобрување на исхраната и дотокот на крв во кожата. Мезотераписките коктели содржат голем процент на хијалуронска киселина која представува природна состојка на кожата која се губи со стареењето.

Радио Фреквенција (RF) е технолошки иновативен пристап за третирање на целулитот. Едноставен е за користење а дава врвни резултати. Затегната кожа и намален целулит дури после првиот третман.

skin-tightening-rf_03
Кавитација е природна појава која настанува со дејство на нискофреквентни ултразвучни бранови. Ултразвучното поле поттикнува создавање меурчиња кои растат до одредена величина, при што се сложуваат едно врз друго, поттикнуваат отпуштање на енергија во вид на топлина и притисок. Притисокот ги разбива масните ќелии во поткожното масно ткиво. Останатите ткива ( површината на кожата, крвните садови, нерви, мускули) се надвор од дејството на брановите, со што се истакнува селективноста на апаратот (исклучиво на масните наслаги).

kavitacija

 

Мастите од ослободените масни келии во облик на триглицериди се изливаат во меѓупросторот каде под дејство на ензимите се разградуваат во глицерол и прости масни киселини. Глицеролот е извор на енергија. Масните киселини се разградуваат во црниот дроб како и и сите други масти вклучувајќи ги и оние од храната.