Што е социјална фобија? Колку може да влијае врз квалитетот на животот?

од  |  0 коментари

Како се чувствувате кога оддеднаш добивате покана за забава или настан на кој сигурно ќе има голем број на непознати лица? Дали веднаш пробувате да изнајдете изговор за да не присуствувате? Или пак доколку се одлучите да присуствувате на забавата  секогаш пронаоѓате причини да се наоѓате во нечија позадина и се дружите само со „сигурни“ лица наместо да се впуштите во разговор со непознати лица поради стравот да не се пострамотите пред нив?

Доколку успеавте да се препознаете во ваквото сценарио и ако слично се чувствувате во низа на слични ситуациони околности можно е да страдате од социјални фобии.
Социјалната фобија е проблем со кој се соочуваат голем број на луѓе. Таа делува онеспособувачки, предизвикувајќи прекумерен, неоправдан страв од други луѓе или ситуации кои вклучуваат поголем број на луѓе. Иако е многу честа појава, чувството на страв или непријатното чувство во присуство на други луѓе, кај лицата кои патат од социјална фобија е толку многу изразено што тие се обидуваат да ги избегнат таквите ситуации. Кај социјалната фобија, стравот од другите луѓе толку е изразен што личноста ја онеспособува да учевствува  во активности кои се составен дел од животот. Во основата на овие фобии се наоѓа стравот од негативното вреднување и оценување од страна на останатите лица.

Постојат неколку различни типови на социјални фобии. Некои луѓе чувствуваат тегоби и нервоза во ситуациите во кои мораат да бидат во средиштето на нечие внимание, за овие типови на личности се кажува дека патат од генерализирана социјална фобија.
Други лица пак, чувствуваат страв од одредени социјални ситуации додека пак со други немаат никаков проблем. Во овој случај се работи за специфични социјални фобии затоа што личноста чувствува страв од одредени ситуации.

Социјалната фобија е еден вид на често анксиозно пореметување во чија основа се наоѓа ирационален страв од негативните проценки на другите луѓе.

Најчестиот тип на социјална фобија кој се јавува кај луѓето е стравот од јавно говорење пред аудиториум.

Кои се најчестите тригери кои предизвикуваат појава на социјални фобии?

– среќавање на нови луѓе;
– да се биде во центарот на внимание;
– да се биде набљудуван додека се извршува некоја активност;
– јавно говорење;
– изведба на сцена;
– да се биде криткуван или исмеван;
– страв од авторитетните фигури;
– прв состанок;
– правење на телефонски повици;
– користење на јавни WC-а;

Како се чувствува личноста со социјална фобија?

Лицата кои страдаат од социјална фобија често се оптеретуваат со тоа каков впечаток ќе остават врз останатите. Често и премногу ги анализираат интеракциите со другите и често најмногу внимаваат на своите недостатоци.

Најчести емоционални симптоми кај лицата со социјална анксиозност се:

  • Чувство на анскиозност во секојдневните социјални ситуации;
  • Интензивно чувство на грижа кое трае со денови па и месеци и е поврзано со некој иден настан;
  • Екстремен страв од осудување особено од непознатите лица;
  • Страв од само-устрамување или само-понижување;
  • Страв дека сите ќе ја забележат нервозата;

Најчести физички симптоми кај лицата со социјална анксиозност се:

– појава на црвенило на лицето;
– недостаток на воздух;
– вознемирен стомак, вртоглавица;
– треперење на телото/гласот;
– забрзано чукање на срцето и стегање во градите;
– потење;

Бихејвиорални симптоми кај лицата со социјални фобии:

–  избегнување на ситуации до степен кој го ограничува секојдневието и активностите.

  • Неспремност за социјализација;
  • Пиење на алкохол пред социјални ситуации;
  • Криење зад останатите во толпата;
  • Затворање во самите себе со цел избегнување на застрамување;Лицата кои страдаат од социјални фобии својот страв го претвораат во телесни симптоми како забрзано дишење, забрзано чукање на срцето, потење, студенило во екстремитетите, треперење, сува уста, мускулна напнатост…

    Доколку лицето почувствува вознемиреност поради ситуацијата во која се наоѓа, може да доживее паничен напад. Во ваквите ситуации станува збор за краткотраен паничен напад, меѓутоа во текот на истиот настапува силен страв, толку силен што лицето има чувство како да ја губи контролата врз  себе.

    ИЗВОР:
    – www.psychologytoday.com
    – www.ordinacija.hr
    – www.psihoterapijsketeme.rs