Како да го подобрите својот брак?
Некои истражувања откриваат што е потребно за да се одржи еден брак. (Wallerstein & Blakeslee, 1995; Gottlieb, 1990; Hendrix, 1991; Klagsbrun, 1985; Lauer & Lauer, 1985).
Ви наведуваме што изјавуваат мажите и жените чии бракови се успешни, можеби нивното споделено искуство може да ви даде патокази за вашите односи во бракот.
‘’Партнерот е мојот најдобар пријател и како личност многу ми се допаѓа. Секогаш го ставам на прво место- пред останатите луѓе во нашето окружување и пред работата. Се трудам да му го дадам своето внимание и секогаш имам време за него. ’’
‘’Бракот го сметам за света обврска. Иако сме имаме мали несогласувања никогаш не сум размислувала сериозно за разделба. За да сакате некого мора да се чувствувате емоционално сигурни- да верувате дека вашиот партнер потполно ве прифаќа, почитува и поддржува. Не се напаѓаме еден со друг и не се критикуваме кога сме лути- наместо тоа преговараме.’’
‘’Уживам во друштвото на својот партнер, многу се смееме и имаме доверба еден во друг. Се согласуваме во вредностите, целите и сексот. Го бараме во животот најдоброто еден за друг- оптимисти сме. Имаме многу заеднички цели и интереси и сакаме да пробуваме нови нешта. Се трудиме да ни биде забавно.’’
‘’Рамноправни сме. Ги почитуваме желбите на партнерот и јасно ни е дека секогаш се треба да биде онака како што сакаме. Доколку се појават несогласувања – преговараме и се договараме заеднички околу одлуките. Спремни сме на промени кога тоа е потребно, трпеливи сме и спремни за простување.
‘’Се прифаќаме меѓусебно и имаме доверба еден во друг. Искрени сме и не се плашиме од она што го сакаме. Уживам во таа блискост- делиме срце, ум и душа. Се слушаме еден со друг. Поддеднакво сме (не)зависни еден од друг на начин кој го обогатува нашиот живот. Работиме заеднички на многу нешта и често околу поголемиот дел од работите се согласуваме. НГо почитуваме тоа што секој од нас е поединец кој има свои интереси, пријатели и активности, а што е најважно секој има свое мислење кое го цениме во заедништвото.’’
‘’Водиме сметка да имаме време еден за друг, да покажеме дека цениме се што партнерот сака да направи за нас (без оглед дали се работи за некоја ситница или пак поголема жртва). Често се сеќаваме на убавите моменти кои сме ги поминале заедно.’’
Колку вие вложувате во својата врска?
Центрираноста на себе во било кој однос, никогаш не била добар сојузник на односите. Она што во најголем број на случаеви доведува до конструктивни решениа се комуникацијата, договорот и истрајно ангажирање во насока на конструктивно решавање на проблемите.
Направете си услуга сами на себе и не чекајте среќата и убавите моменти сами по себе да ви ”паднат од небо”.
Реално но и логично и корисно е да почнете да работите на својата врска доколку сакате да ја доживеете во целосниот потенцијал.