Строго е пропишано колку долго смеете да носите штикли!!! Докторите советуваат…

од  |  0 коментари

Женствени се и во нив дефенитивно изгледаме најдобро. Но нашите стапала и грб не мислат така. Со тоа се согласуваат и докторите. Штиклите мораат да се ,,дозираат

high-heels-20

Новите истражувања покажале дека  носењето на високи потпетици го зголемува ризикот на развивање остеоартритис.Ова не значи дека жените не треба да се одрекуваат од своите омилени штикли, само треба да ги носат ,,здрав’’ број на часови,а колку е тој открива доктор  Л.Келсеи Армсторнг.

,,Потпетиците се лоши за вашите стапала затоа што ги ставаат во непријатна положба” објаснува Амстронг.

Притисокот под кој се наоѓа стапалата може да доведе до жулјеви,фрактури,невроми, а исто така и до остеоартритис на коленото. Тоа можете да го спречите така што ќе водите грижа за тоа колку часови ги носите вашите потпетици.

,,Препорачаното време зависи од видот на потпетиците и од активностите кои ги правите додека ги носите” забележува Амстронг.

D6888W-high-heels_2653896b

Па според тоа:

Ниска штикла (до 4 сантиметри)

Таа е идеална за дружење или шопинг, односно зависно е дали повеќе ќе стоите или седите, а што се однесува до носењето би требало да се ограничи на четири часови максимум.

Средна штикла (од 4 до 8 сантиметри)

Вакви штикли првенствено се носат за да ,,бидат видени’’, а најчесто ги носиме на свадби, забави и слично. Во нив не  би требало да останете повеќе од 3 часови.

Висока штикла (повеќе од 8 сантиметри)

Најдобро е да избегнувате вакви високи штикли, но доколку сте фанатик или пак морате да ги ставите гледајте да не ги носите повеќе од 1 час.

И при тоа имајте на ум дека доколку се работи за чевли кои потполно се затворени, а штиклата им е дебела,  или пак станува збор за платформа , тогаш предвиденото време  двојно се продолжува објаснува Амстронг.