Симбол на елегантни, бунтовни и харизматични индивидуалци
Шеширот од секогаш бил заштитен знак на самоуверени, бунтовни и харизматични мажи.
Без разлика на неговата форма во текот на годините тој бил, а и ќе остане начин на ставање на сопствен печат и индивидуалност во време кога секој маж слепо следи трендови кои изминуваат и нема изграден стил.
Fedora шапката има корени уште од викторијанскиот период од 1882 година, a својата атрактивност, класично-модерен дизајн и фунционалност ги чувa се до ден денес, а ќе остане модерна уште долго време.
Федора шапката постои за сечиј стил на облекување, универзална е и убаво делува и во комбинација со костум, фармерки и маица или пак хипстерски изглед.
Оваа шапка низ историјата и поп-културата е симбол и препознатлива одлика на многу славни личности и уникатни и незаборавни карактери како: Jimi Hendrix, Al Capone, Frank Sinatra, Indiana Jones, Michael Jackson, , Charlie Chaplin, Johnny Depp и многу други.
Што прво забележавте кога ги погледнавте фотографиите?
По што го паметите Индијана Џонс или пак Ал Капоне кога помислувате како изгледаат физички ?
Па нормално, првото што ви паѓа на памет е шапката. Шапката во комбинација со елегантна облека може да ве направи запаметени и полесно ќе ви овозможи да им се допаднете на другите нормално доколку правилно ја носите.
***Најголем избор на федора шапки можете да пронајдете во бутиците Linkesti, а воедно таму ќе пронајдете секакви машки аксесоари и елегантна но и модерна облека за соодветно стилизирање со омилената шапка. А каде да ги пронајдете? -Погледнете ТУКА.