Златни правила при избирање венчаница

од  |  0 коментари

Потрагата за идеална венчаница понекогаш знае да биде долготрајна и исцрпувачка работа на која забораваме во истиот момент кога ќе го здогледаме фустанот од соништата. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се снајдете во големата понуда на модели и без стрес да изберете фустан од соништата.

1. Одредете колку сте спремни да потрошите за венчаница

Пред да изберете венчаница одредете колку сте спремни да издвоите за неа. Значи колку од вкупниот буџет за венчавка ќе издвоите за фустанот со кој ќе излезете пред младоженецот.

Но , ако од се најважно ви е како ќе изгледате на тој ден, можете да потрошите повеќе пари за венчаница но да најдете некој бенд и фотограф кои се поефтини. Све зависи од вашите приоритети.

2. Пред да почнете со пребарување, добро прочешлајте ги сите извори

Прочешлајте ги сите интернет страници, можеби баш таму ќе откриете некои интересни идеи со кои ќе станете невеста од соништата.

Во салоните не се изложени сите венчаници, затоа искористете ја можноста што ја нуди интернетот, покажете го типот на ткаенината и моделот што го замислувате за да се одредат точни мерки и ваши барања.

3. Ограничете го бројот на луѓе со кои одите да разгледувате венчаници

Не одете во потрага по венчаница со куп роднини или пријатели. После бројните коментари ќе останете збунети и на крај нема да можете д сеодлучите кој фустан да го изберете. Затоа, паметно е за таква пригода да понесете најмногу до две особи чие мислење ви значи, а исто така тие ќе ви ја дадат вистинската критика или пофалба.

4. И наизглед непривлечната венчаница на вас може да стои како на вас кроена

Пред да направите некаков избор никако немојте да ја прескокнувате онаа која помалку ви се допаднала. Можеби баш тоа е модел кој на вас ќе стои убаво, па тоа никогаш нема да го знаете ако го прескокните или игнорирате.

Врз основа на тоа вие ќе знаете каков модел ќе ви стои: корсет, со ракави , со прерамка и сл. Па би можеле да се изненадите.

5.Припазете на деталите

Деталите се навистина важни! Можеби нема да ви се допадне ниту еден фустан што ќе го пробате  доколку фризурата ви е лоша, ако тој ден сте напнати и нервозни или на сите страни ви излегуваат рамениците од градникот или поткошулата.
Затоа би било добро да припазите на тие ситници – нашминкајте се , ставете прслук и гаќички кои нема да ве оцртаат на фустаните со тесен крој, ставете накит или некој друг моден детал кој планирате да ве украси за вашиот свечен животен момент.