Тајната на вечната младост

од  |  0 коментари

Поедини традиционални домашни препарати со кои Кинескињите, Индијките или Мексиканките ја негуваат кожата на лицето и телото можете и Вие да ги испробате.   

Богати или сиромашни, жените од целиот свет поеднаково внимание посветуваат на решавање на проблемот на негата на лицето и телото, затоа што тие сакаат што подолго да го задржат младешкиот и свежиот изглед. И како и сите други жени, користат стари рецепти од нивните баби и самите ги подготвуваат препаратите за нега од оние намирници кои им се на дофат на рака и кое секојдневно ги користат дома. Поедини традиционални домашни препарати со кои Кинескињите, Индијките или Мексиканките ја негуваат кожата на лицето и телото можете и Вие да ги испробате бидејќи сега и кај нас можат да се најдат намирниците како што се зелениот чај, белиот чај или ѓумбирот.

Кинеска маска за подмладување од зелен и бел чај – Од четири вида на чај, кои се произведуваат од истата билка Camelllia Sinesis, црн, улонг, зелен и бел, овој последен има најпрефинет вкус и најбогат е со антиоксиданси. Па затоа Кинескињите со векови прават маски за лице од зелен и бел чај кој значително забавува појавувањето на брчките и забрзува обновување на клетките на кожата. Најмалку двапати неделно измешајте три лажици зелен чај во прав со малку претходно сварен и изладен бел чај. Енергично мешајте за да добиете густа смеса. Додадете две-три капки сок од лимон и ова маска нанесувајте ја на лицето. После 15 минути измијте го лицето со млака вода

Индиска антибактериска маска за лице од ѓумбир и мед – парче корен од ѓумбир излупете, изрендајте, додадете лажица-две мед, додадете малку топла вода и матете. Добиената смеса нанесете ја на лицето и по 30 минути исперете го лицето со топла вода. Ова маска делува антибактериски и стимулира производство на колаген.

Мексиканска хранлива крема за раце – две шолји шеќер измешајте со шолја маслиново масло, додадете пет лажици сок од лимон, измешајте за да добиете хомогена смеса и веднаш нанесете ја на рацете. После десетина минути исперете ги рацете со топла вода, а остатокот од подготвената смеса префрлете ја во стерилизирана стаклена тегла, затворете ја и чувајте ја во фрижидер. Ова смеса ја хидрира и ја храни кожата. Лимонот делува како антиоксиданс а шеќерот ги отстранува изумрените клетки и ја избелува кожата.