Маска за очи од краставица

од  |  0 коментари

На сите ни се познати сцените од филмовите кога девојките имаат краставици на очите, а тоа можете да практикувате и во личен сценарио. Единствено што Ви е потребно е да бидете доволно вешти и да научите да ракувате со краставиците кои ги одмараат Вашите очи и им даваат потребен сјај, а со подочњаците ќе се збогувате после овој третман.

Чекор по чекор ќе Ви објасниме што треба да направите, овој третман ќе ги намали кесичките под очите, а шминкањето ќе биде по забавно отколку порано, затоа што акцентот ќе биде на очите, чии сјај нема да биде нарушен од подочњаците и уморот.

Направете го чајот од камилица и оставете го да се олади.

– Изблендирајте една лажица алое вера и половина лажица мед и краставица.

– Во таа смеса додадете го веќе оладениот чај од камилица.

Тоа е целата филозофија!

Сега таа смеса употребете ја. Кога ја ставивте смесата на капците, оставете ја 10 до 15 минути и мирувајте, а потоа измијте ги очите. Овој третман можете да го повторите и четири пати во неделата, а резултатот ќе го забележите брзо.