Таму каде што запираат воздишките-ИСТАНБУЛ.

од  |  0 коментари

Импресии од годишните одмори се уште се многу силни. Летото 2014, сигурно ќе биде запаметено по многу убави работи, но постои едно место што е толку магично во текот на целата годината, и едноставно неможете да изберете кога е поубав и помагичен дали на лето,есен,зима или пролет. Ако одлучите оваа есен да го посети Истанбул бидете сигурни дека тоа ќе биде едно од омилените патувања кое што  долго ќе ви останат во сеќавање.Кога ќе се спомене Истанбул на сите ни асоцира на некоја од познатите серии кои се ,,вртат,, по телевизиите во последно време. Оваа есен е вистинскиот момент сето тоа навистина да се доживее на малку поинаков начин.

turkey-istanbul-mosque

Еве зошто треба да го посетите магичниот Истанбул:

Истанбул е град каде што  на секој агол се чувствува мешавина на Истокот и Западот. Град со 3200 џамии, 1450 хотели и 12.500 ресторани! Покрај тоа, ќе забележите голем број на продавници и бутици, не за џабе е наречен еден од најголемите трговски шопинг центи во Европа.Истанбул е град на цвеќињата. Секаде каде што има место е зелена површина или цвеќиња. Населението е со своја традиција и култура. Да немате дилема, ДА тоа е таа вистинска Европа.Во Истанбул има  навистина што да се види. Историјата ги оставила своите траги. Градот е музеј во мало. Бројните палати како да сведочат не само за величината на империјата, историјата туку особено за раката на мајсторот. Каметот ти се чини како да го извезла нежна женска рака. Треба убаво да видиш за да забележиш дека е камен.

23

  Познатата  Капали Чаршија или „Покриена чаршија“ е еден од најголемите и најстарите покриени пазари во светот,со 61 улица и над 3.000 продавници кои привлекуваат помеѓу 250.000 и 400.000 посетители дневно. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на градот Истанбул,лесно може да се стигне со трамвај или кола.

Срцето на Истанбул како што многумина го нарекле Босфорскиот – мост. Мост кој ги поврзуваат Европа и Азија. Почнувајки од  Ortaköy (на европската страна) и  завршувајки на Beylerbeyi  (на азиската страна). Мостот е висечки со челична конструкција,висок е 1560 метри додека широк 33.40 метри или еднакво на 110 стапалки.

47574-istanbul

Не за џабе го нарекле срцето на Истанбул! Она што навистина создава дилема е кога е поубаво. Навечер кога се палат светилките на градот и ја осветлуваат темната длабока вода, наутро кога сонцето почнува да ги осветлува бродовите кои врват постојано по неколку или дење кога сино зеленкастата вода и камењата на крајот покажуваат дека тоа е море. Море кое спојува два мориња, кое ги спојува истокот со западот,  ги одделува и во исто време ги спојува двата континенти.Со сигурност ќе сакате уште еднаш  да го посетите Босфорот навечер  и тоа заради мостот кој ги спојува континетите. Боите на мостот постојано се менуваат, во недела од водата има прекрасен огномет, а горе на самиот мост претпазливите минувачи се обидуваат да не им пречат на риболовците кои како да се собрале од цел свет тука.

1 (1)

Епа за љубителите на турските серии: Она што можете да го видите на телевизија е милионити дел од она што претставува Истанбул. Она пак што не можете да го видите можите да го слушнете во сирените на бродовите кои постојано пловат низ Босфорот, во кликот на галебите, или можете да го помирисате во мирисот на морето измешан со прекрасните мириси на храната која тука се подготвува во рестораните, а  и често и на  самата улица покрај Босфорот.

Не чекајте го погодното време за да го посетите,не гледајте го само на телевизија и не воздивнувајте на неговите убавини,  оваа есен почувствувајте ја навистински неговата магија, а тоа слатко задоволство сега ви го овозможува Ариес травел. Проверете на aris.mk. Не чекајте го погодно време,секое време е погодно.