Третмани за подобар тонус на кожата и слабеење

од  |  0 коментари

Еден од популарните козметички третмани е радиофрекфенциониот третман. Станува збор за третман односно нова метода за слабеење кај која радиобрановите предизвикуваат топлинска енергија. Радиофрекфентната струја ги загрева колагенските влакна кои се притискаат со што настанува затегнување на кожата на лицето и редуцирање на борите. Радиофрекфенцијата добра е и за отстранувањето на масните наслаги, намалувањето на целулутот како и подобрување на тонусот на кожата.

Видливо затегнување на кожата

Радиофрекфенцијата е третман со радиофрекфентна струја која делува на кожата преку длабинско загревање на ткивото, а површината на кожата не се загрева до истиот степен како и внатрешноста.Загревањето на влакната на колагенот во дермисот, длабинскиот слој на кожата до одредена температура допрринесува до нивна конртакција. Топлината го забрзува метаболизмот на станиците и фибробластите кои произведуваат колаген со што се стимулира продукцијата на колаген и видливо се затегнува кожата веднаш по третманот.

Радиофрекфенција на лицето

Процесот на стареење се рефлектира на нашата кожа. Изложеноста на сончеви здраци, влијанието на околината, навиките, гените имаат иглед врз изгледот на кожата со текот на годините. Нормалните промени во текот на стареењето на кожата вклучуваат нееднаква текстура, зголемено сушење, губење на еластинот и опуштање на кожата и транспарентност поради танчењето на кожата.
Радиофрекфенцијата се користи за брзо, ефектно и безболно подмладување на кожата, намалување на борите, подигнување на очните капаци и целокупната мускулатура на лицето.

Радиофрекфенција на телото

Кога се работи за тремани на телото, покрај подобрување на тонусот на кожата, радиобрановите делуваат така што го топат масното ткиво помагајќи процесот на слаабеење да се забрза пеку елиминација на масното ткиво.
Радиофрекфенцијата е популарна на пазарот затоа што се покажала како најфункционалната метода која на краток рок помага при отстранувањето на целулитот и масните наслаги.
Радиофрекфенцијата продира во длабоките слоеви на масното ткиво со што настанува видливо намалување на целулитот.

*** Третманите со радиофрекфенција не се препорачуваат на трудници, доилки и лица со проширени вени и капилари.