Се она што не знаевте за Вашите веѓи

од  |  0 коментари

Жените трошат многу време и пари на одржување на веѓите, од депилирање и кубење, до нивното обликување. Често се прашуваме, зошто воопшто имаме влакна на челото и зошто тие воопшто служат? Што обликот на веѓите зборуваат за Вас?

Не морате повеќе да размислувате, затоа што Ви даваме осум факти за веѓите кои не ги знаевте.

Ни помагаат да гледаме подобро

Функцијата на веѓите е во тоа да спречуваат водата или потта да ни влегуваат во очите. Веѓите помагаат да се насочи течноста кон краевите на нашето лице.

Тука има многу влакна

Според истражувањата, просечната личност има 250 влакна во една веѓа, а оние кои никогаш не ги имаат кубено веѓите и до 500 влакна.

Веѓите имаат рок на траење

Во просек, влакната на веѓите се менуваат на четири месеци, а тоа е време кое е потребно секое влакно да падне и да порасне ново.

Покажуваат емоции

Голем број од цицачите имаат веѓи кои им служат да покажуваат емоции, а луѓето се единствени кои имаат веѓи на голата кожа.

Не сме први кои ги обликуваат веѓите

Кога станува збор за обликување на веѓите, постои долга историја: од Фиренца во текот на Ренесансата кога луѓето потполно ги бричеле нивите веѓи, до елитата во 18. век во Америка кога луѓето го нагласувале лакот на веѓите депилирајќи ги.

Вашите веѓи зборуваат многу за Вас

Формата на Вашите веѓи зборуваат многу за Вас. Заоблени веѓи имаат оние кои се директори, логичните и вештите луѓе. Веѓите под агол покажуваат личности кои се строги и сакаат да држат се под контрола.