Убава и во тренд!

од  |  0 коментари

Кога сакаат да сменат нешто во животот, жените прво одат на фризер и ја фарбаат косата. Доколку сте одлучиле да ја смените бојата на косата, мора и да ја смените шминката.

Бринета или црнка – доколку преминавте од руса коса во бринета или црнка, треба да знаете да со темна коса постои опасност да изгледате бледо и уморно, бидејќи контрастот помеѓу косата и кожата е голем. Освен тоа, потемна коса повеќе привлекува светлина отколку посветла коса. Искористете го тој факт за да заблескате. Користете шминка со светулки во боја на праска или корал. Таа ќе ја освежи Вашата кожа. Таквата боја на коса бара користење на руменило, кое освежува и дава топлина на целото лице.

Русокосите – ако преминувате од бринета или црнка во руса коса, имајте на ум да повеќе не можете да користете силни и впечатлива шминки, бидејќи со впечатлива шминка и со руса косата ќе изгледа премногу нападно. Користете пастелни палети и подискретни тонови, како што е нежно розова, светло лилава и боја на кожа и никогаш не ги нагласувајте очите и усните. За да го истакнете очите, со молив во гри боја исцртајте ја внатрешноста линија на горниот капак.

Црвенокоси – доколку сега сте црвенокоса или имате коса со боја на костен кој има црвен отсјај, потребна Ви е потполно нова стратегија на шминкање и сменување на базичните нијанси. За да го постигнете потполн склад, шминкерите предлагаат да ги користите топлите тонови – тен во боја на мед, бронза или чоколадо на очите и портокалова палета на усните е одлична комбинација за вас.