Трајно исправување на косата опасно по живот

од  |  0 коментари

За време на овој третман, кој кај нас е све попопуларен, се користат препарати кои содржат голема количина на формалдехид, кој е потенцијална причина на различни видови канцер.

Заради својот состав, производите кои се користат за трајно исправување на косата може да предизвикаат здравствени проблеми, како кај клиентот така и кај фризерот.

Истражувањата покажале дека овој третман на исправување на косата посебно е опасен во малите фризерски салони и оние места каде нема добра вентилација, па со самото тоа и концентрацијата на штетни материи во воздухот е поголема.
Меѓутоа, причината зошто многу фризерски салони немаат добар вентилационен систем е тоа што за инсталација и одржување на таквите системи е потребна голема сума пари.

Во таквите салони, стручњаците препорачуваат користење на производи кои не содржат повеќе од 0,1 % формалдехид, кој во овие препарати го има дури и до 12 одсто.

Симптомите кои фризерите или нивните клиенти најчесто ги пријавувале после третманот за трајно исправување на косата се проблеми со дишењето, пецкање на очите или крварење од носот.