Удобен живот во мал стан

од  |  0 коментари

Толку бевте среќни кога најпосле го остваривте долго исчекуван сон и дојдовте до Вашиот стан. Сега Ви останува, малиот стан да го уредите така да биде доволно функционален и да во него имате се, а да не се трошите премногу. Почнете од креветот.

Кога размислуваме за мебелот, прво што имаме во ум е естетскиот ефект. Меѓутоа, секогаш е проблем високата цена на таков мебел. Следно што ни е исто така битно е функционалноста и удобноста. Во малиот простор се она што навечер има функција на кревет, денски презема улога на гарнитура за седење. Главниот недостаток на таков мебел е тој, што тешко се најдува кревет, кој во исто време е удобен и доволно квалитетен да истрпи секакво развлекување.

Квалитет на прво место – мебелот би можел да ви се допаѓа, но и да Ви овозможи пријатни моменти кога попладне на него седете со пријателите. Најчеста варијанта за уредување на малите станови е делење на просторот по висина. Тогаш се одлучите за кревет на кат. Горниот кревет ќе Ви служи за спиење, а долниот наместо тросед. Доколку во гарсоњерата или еднособниот стан живее брачен пар, им треба кревет, кој во нокта ќе добие облик на француски кревет. На тржиштето има многу решенија, а она што најчесто се нуди е многу нездраво и неудобно. Па според тоа, не препорачуваме кревет со механизам од жици и со тенок свиткан сунѓер кој се сместува во внатрешноста на двоседот или тросед, веднаш под перницата на кои преку ден се седи. Тоа можи е вистинско решение за дневната соба или понекогаш да им користи на неочекуваните гости, ако имате посебна соба.

Клик/ клак идеален за брачен пар – тросед или двосед од тенка јога и силна дрвена констукција со наслон, е убедливо најдобар за мали простории. Дел за седење е од дебел, квалитетен и густ сунѓер. Голем број од троседите во таквата изведба, во не расклопен облик има димензии 90 со 190, па кога ќе ги тргнете наслоните, имате квалитетен кревет со стандардна големина. Уште едно солидно решение се клик/клак каучите, кои, кога ќе се расклопат имаат доволно комодитет за една соба, а и идеални се за брачните парови. Лесно и брзо се расклопуваат, можат да се најдат во различни бои и дезени, што на Вашето станче ќе даде посебна енергија. Во широк избор на кревети, се надеваме дека ќе најдете вистински кревет кои ќе го разубави амбиентот во кој живеете.