Украсете го вашето огледало со помош на штипки

од  |  0 коментари

Внесете уникатност во вашиот дом, бидете креативни и уживајте во забавата. Денес ќе ви откриеме една брза едноставна и креативна идеја како да го украсите вашето огледало.

Потребен материјал: Огледало со дрвена рамка,дрвени штипки, акрилни бои,самолеплива декоративна трака , лепило,четка и сунгер.

Чекор 1: Одвоете ги металните делови од штипките.

Cakovec, 10.07.2014 -Ogledalo u fazama cura iz Hobby hizice

Чекор 2: Бојадисајте ја дрвената рамка на огледалото.

Со помош на сунгер или четка ставете два слоја од акрилна боја по ваш избор, врз дрвената рамка на огледалото.

 

Чекор 3:  Залепете самолеплива трака на штипката.

Ставете еден слој на лепило врз надворешната мазна страна на штипката.Па врз него ставете декоративна трака (доколку траката е самолеплива,сепак за секој случај ставете и еден слој на лепило). Пожелно е  декоративната трака да биде со различен дезен или пак во различна боја. И при тоа припазете да направите подеднаков број на штипки од ист дезени или иста боја  (пр. 5 од еден дезејн, 5 од друг..)

Cakovec, 10.07.2014 -Ogledalo u fazama cura iz Hobby hizice

Чекор 4: Секоја половинка од штипката залепете ги една до една.

Откако ќе залепете декоративна трака на  сите дрвени  делови на штипките.Можете да премините на следниот чекор, а тоа е лепење на дрвените делови од штипките на огледалото. Залепете ги рамо до рамо, една покрај друга на растојание од еден прст. При тоа водете сметка за неизменичниот дизајн на штипките, се додека не ја покрите целосно површината на огледалото.

Cakovec, 10.07.2014 -Ogledalo u fazama cura iz Hobby hizice

 Финална слика

 

Cakovec, 10.07.2014 -Ogledalo u fazama cura iz Hobby hizice