Украсни линии за поубав дом

од  |  0 коментари

 

Без разлика дали се широки или тесни, хоризонтални или вертикални, веселите линии ќе го освежат вашиот дом или мебел во многу домови.

Морнарскиот изглед никогаш не излегува од мода. Одлично се вклопува во медитеранскиот ентериер, но убаво изгледа и во становите кои се современо уредени или во класични простории. Црно-бела комбинација делува елегантно, без разлика на кој декор или мебел се наоѓа, додека разнобојните линии се добар избор кога сакаме да постигнеме енергичен ентериер.

Тие просторот можат визуелно да го зголемат или намалат. Вертикалните линии на завесите ќе креираат илузија дека прозорот е повисок, додека пак хоризонталните линии го прават визуелно поширок.

Ходникот ќе изгледа подолг ако го украсиме со тепих од весели бои со линии. Спалната соба и купатилото ќе изгледаат поголемо ако на ѕидот ставиме тапети со широки хоризонтални линии. Малиот простор  ако се украси со линии од различна дебелина ќе формира фокусна точка во собата а ентериерот ќе го направи поинтересен.

Како и останатите дизајни, треба да се внимава со украсување за да не се загуши просторот и да не се направи визуелен хаос. бидете креативни и уживајте во декорирањето, а за повеќе идеи погледнете ја фотогалеријата.