Весел стан за нов почеток
од 0 коментари
|
Доколку ви е потребна промена а имате голем стан се надеваме дека со овие фотографии ќе ве инспирираме и ќе ви дадеме идеи како да го преуредите вашиот стан или куќа.
Најпрво, за да направите видлива промена доколку сте во можност набавете нов мебел и променете некои од личните работи. Обезбедете за себе и својата фамилија простор каде ќе можете убаво да се одморите, да разговарате и да гледате телевизија. За ова потребна ви е мека и удобна софа, која ќе стои по можност до прозорот или столица за лулање.
Внесете во вашиот дом нови ткаенини, бои и текстура. Доколку не сте сигурни дека ќе го направите сами вистинскиот избор, тогаш советувајте се со дизајнер на ентериер.