Совети за избор на постелнина

од  |  0 коментари

 

Големиот избор носи и неодлучност. Никогаш не треба да се брза со купување на постелнини додека точно не ја знаеме големината на креветот.

За таканаречените француски кревети, кои повеќе се употребуваат, потребна е друга опрема за разлика од брачните кревети или кауч.

При купување на постелнини внимавајте на квалитетот, затоа што од тоа зависи трајноста и одржувањето. Чаршавот не смее да биде пократок од 250 см, затоа што често ќе се развлекува и тешко ќе се мести.

Постелнините треба да се пера само со фини средства и специјални детергенти за обоени ткаенини на температура од најмногу 60° C.

Машината за перење треба да се наполни само до една третина.Белата постелнина има свои предности. При перење поднесува 95° C, на кој темелно се чисти.