Уживајте во мирисот на пената

од  |  0 коментари

Овозможите си совршена антистрес терапија, така што ќе припремите купка во која ќе додадете неколку капки етерично масло, пуштете музика и уживајте!

Етеричното масло можете едноставно да додадете во купката поради подоброто уживање, заради подобар сон, како помош кај проблеми со кожата, како олеснување кај мускулните и други болки или за подобро расположение. Купка со додатоци како што се чоколадо, мед, јогурт или кајсија со свој мирис дополнително ќе предизвика лачењето на хормонот на среќа.

Топлите купки ( околу 38 степени ) ја зголемуваат работата на жлездите задолжени за потењето, па ќе ве закрепат доколку имате настинка или грип. Меѓутоа, купките предизвикуваат предвремено стареење на кожата и ја исушува, па затоа немојте често да ја применувате. Идеална температура за купката е 29 – 34 степени. Таквата купка ја намалува напнатоста на телото, идеална во моментите кога сте уморни или не можете да заспиете. За купка која закрепува потребна е ладна вода, од 18 – 21 степен. Со додатокот на етерични масла, на пример од еукалиптус, рузмарин или мента ќе го подобрите дејството.

Солта го затегнува и обликува телото

Морската сол за капење е богата со минерали кои ја поттикнуваат циркулацијата, размена на материите и разградување на штетните состојки во ткивото. Ваква купка ќе направи да Вашата кожа стане мазна и затегната. Пред да влезете во кадата, масирајте се со нараквицата проблематичните места, турете сол во топлата вода и уживајте 15 минути во купката. Потоа полека избришете се со пешкир и свиткајте се во топло ќебе и лежете 20 минути. Солта ја одзема влагата на телото, затоа по купката пијте доста течности.

Маслото ја смирува осетливата кожа

Кога кожата Ве затегнува и се лупи, вистинска работа е купка со масло. Билните масла ја негуваат кожата и богати се со витамин Ц, кој е вистински заштитник на клетките. Ваквата купка е благотворна за кожата, ја заштитува со мек заштитен фил и ја врзува прекумерната влага. Ароматичните есенции од портокалот, лимон, роза и ванила делуваат релаксирачки на Вашата душа. Во топлата вода со температура до 38 степени турете малку масло, капете се околу 15 минути, а потоа избришете се со пешкир за да Ви кожата биде влажна, и најпосле облечете се со претходно затоплени алишта.

Мед за подобро задоволство

Не сте расположени? Не посегнувајте веднаш кон благите, туку обидете се со блага купка. Додатоците како што се чоколадо, мед, јогурт или кајсија поттикнуваат со нивната миризба создавање на чувство на среќа. Пената за капење со прополис и со мирис на мед ја смирува осетливата кожа. Побарајте во парфимериите  купки кои во себе содржат јогурт или имаат мирис на ванила, бидејќи тие се одлични за релаксација после напорен ден.