Освежете ја кожата со маска од морков
Морковот често се користи во козметиката бидејќи ја хидрира кожата, ја храни и ја прави мазна. Нека Вашата кожа блесне со помош на овие едноставни маски, кои брзо и лесно можете да ги подгответе дома.
Сварете два поголеми моркови, изгмечете ги и додадете пет лажици мед. Нанесувајте на лице, оставете да делува десетина минути, па измијте го лицето со студена вода.
За маска против брчки потребно Ви е сок од морков, изматена жолчка и неколку капки маслиново масло. Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на лице и врат. После половина час измијте го лицето со млака вода.
Изрендајте два моркови, измешајте ги со жолчката, па смесата нанесувајте на исчистеното лице. После 20 минути измијте го лицето прво со топла а потоа со ладна вода.
Помешајте една изрендан морков и јаболка. Смесата нанесувајте на лицето и држете околу 20 минути. Ова маска ќе го избриши уморот и митесерите од лицето, а можете да ја користете секој втор ден.