Ве водиме низ Парга -Грција …

од  |  0 коментари

Парга е мал град во Јонскиот брег во Грција, помеѓу градовите Игуменица и Превеза , во регионот на Епир. Еден од позначајните историски локалитети е историскиот замок со поглед на западниот дел градот, а познат е и по своите убави плажи. Во близината на градот се наоѓа плажата Krioneri, плажата Valtos, а на 4 km се наоѓа и плажата Lichnos. Популарен е помеѓу домашните туристи но за време на Јули и Август доста е посетуван и од балкансските и европските туристи.

Како се стигнува до Парга?

Постојат два начини на кои можетее да патувате до парга- со автобус или брод. Дневно постојат бројни автобуски релации преку  Preveza и Igoumenitsa, како и бродови од Крф.

Како се патува низ Парга?

Парга е мало градче па затоа и не е потребен дополнителен превоз за прошетка низ градот освен за посета на блиските плажи Lichnos и Valtos каде е потребно да се патува со брод. За да ја прошетате околинаата на градот и да истражувате повееќе ве советуваме да изнајмите автомобил или скутер од многуте агенции за изнајмување. Можно е и да преливате до Panagia, малиот остров кој се наоѓа наспроти централната плажа затоа што во овој дел морето е поплитко а оддалеченоста и не толку голема.

Screenshot_3Што треба да посетите за време на прeстојот во Парга?

  • Старата Грчка тврдина (која датира од 14тиот век ) се наоѓа помеѓу градот Парга и  плажата Valtos .
    Со самата прошетка можете да уживате во прекрасната панорама, замокот во еден дел е руиниран и не постојат некои граничници па затоа внимавајте додека го разгледувате.
    При качувањето по скаличките за посета на стариот замок можете да здогледате голем број на стари згради, продавници и антикварници а воедно и да уживате во староградската  атмосфера која ја нуди овој дел од градот.
  • , патот кој се наоѓа нас самиот град и нуди одлично панорамски разгледување на плажата  Valtos Beach, кулата на Vlacherna манастирот и Paxos и Antipaxos.
  • Vlacherna манастирот е напуште Византиски манастир кој се наоѓа на крајот на плажата Valtos.
  • Ali Pasha замокот се наоѓа на ридот од запад од плажата Valtos.
  • Постојат околу 100 малу цркви распространети по околните ридови кои ја опкружуваат Парга.

Активности за време на одмор во Парга

Популарни активности во кои можете да уживате за време на вашиот летен одмор во парга вклучуваат: :-

  • Скиење врз вода
  • Нуркање

Екскурзии и посети

Доколку сте истражувачи и доколку сакате да посетите што е можно повеќе локалитети, места и да искусите повеќе од културата и убавината на ова место ве советуваме да земете некои од еднодневните екскурзии кои се нудат на плажите од локалните агенции 

Paxos & Anti-Paxos: Пливајте во кристално чистите води на Јонското море – оваа тура е одлична за секого.

Zagoria : Заборавените села на Парга со неверојатна флора и фауна, вистински одмор за очите и телото.

Secret Epirus: Откривајте повеќе за митскиот Епир , дозанјте повеќе за митовите како и Nekromanteion, Zolongo и секако не заборавајте да ручате покрај реката Acheron.

Meteora: Доколку не сте ги посетиле Метеори веруваме дека ќе уживате. Ова е местото каде е снимен познатиот фил со   James Bond “For Your Eyes Only”.

Крстарење по Јонските острови: Разгледајте ги 7те различни острови кои му припаѓаат на Јонското море. Ви гарантираме прекрасно поминат ден!

Каде да јадете?

  • Castello Restaurant – интернаационална кујна со романтична атмосфера. Одлична храна и услуга
  • Zorba’s Restaurant- достапен за секого ресторан во близина на пристаништето, отворен во текот на целата година. Покрај традиционалната храна тука можете да уживаате и во вкусна пица.
  • Kastro – поексклузивен ресторан на ридот во близина на тврдината. Богато интернационално мени , вообичаено за време на вечерните часовви е преполно затоа можеби ќе треба  да почекате за слободна маса.
  • Sakis Restaurant – фамилијарен и традиционален Грчки ресторан  со одлични цени , лоциран е во близина на Веенецијанскиот замок во близината на Парга.
  • Bachos. Одлична храна и услуга, храната таму вообичаено со послужува со узо, пиво и вода. Се наоѓа на северниот дел од пристаништето во близина на плажата Кrioneri .Доколку досега не сте испрробале кинеска храна покрај пристаништето постојат бројни ресторанчиња.

Screenshot_2

Во кој период е идеално да ја посетите Парга?

Max Температури C Apr May Jun Jul Aug Sep Oct
Parga 21 23 27 29 29 27 24
Сончеви часови Apr May Jun Jul Aug Sep Oct
Parga 7 10 12 12 11 9 6
Доколку сакате да погледнете како изгледа денес плажата на Парга погледнете ја на следниот линк од онлајн стримиг камерата:
https://www.livecameras.gr/up/parga.htmlДоколку ви се допадна Парга ова лето посетете ја со Ариес Травел.
Повеќе за нивните понуди погледнете на следниот линк: https://aries.mk/